Јубилејните 15-ти Летни олимписки игри се одржале во Хелсинки во 1952 година. Градот Хелсинки бил избран за град-домаќин по победата над конкурентските кандидати: Амстердам, Чикаго, Детроит, Лос Анџелес, Минеаполис и Филаделфија на 40-тата сесија на МОК одржана на 21 јуни 1947 година во Стокхолм. Хелсинки требало да биде град-домаќин на игрите во 1940 година, но тие не се одржале поради Втората светска војна.
Резултати од гласањето за избор на град-домаќин на Летните олимписки игри - 1952 Град ЗемјаПрв кругвтор кругХелсинки 20п Финска1415Лос Анџелес20п САД45Минеаполис20п САД45Амстердам20п Холандија33Детроит20п САД2-Чикаго20п САД1-Филаделфија20п САД--
Ретроспектива
thumb|left|Паво Нурми со олимпискиот факел в рака го пали Олимпискиот оган Олимпискиот оган бил запален од финските спортски херои Паво Нурми и Ханес Колехмаинен. СССР дебитирал на Олимписките игри. Првиот златен медал за СССР го освоила Нина Ромашкова во дисциплината фрлање диск, а во гимнастика Советскиот Сојуз го освојува првото од осумте последователни златни медали. И Израел дебитирал на Олимписките игри. Израел требал да дебитира на игрите 4 години пред тоа, но тоа не се случило поради борбата за независност. Унгарија освоила 42 медали (16 златни, 10 сребрени и 16 бронзени) и била трета најуспешна нација што било вистинско изненадување. Унгарскиот златен тим предводен од Ференц Пушкаш го освоил златниот медал во фудбал со победи во сите натпревари, а во финалето поразена била Југославија со 2-0. За Југославија ова бил втор последователен сребрен медал. Германија и Јапонија повторно добиле дозвола и се вратиле на Олимписките игри. Од окупираната и поделена Германија настапиле Западна Германија и Заарланд како посебна земја-учесничка која во 1955 година се припоила со Западна Германија. Источна Германија не учествувала на игрите. За чудо, за прв и единствен пат во историјата на Олимписките игри Германија не освоила златен медал и покрај тоа што била петта по број на освоени медали 24 (7 сребрени и 17 бронзени медали). Правилата во коњичките спортови биле променети. На лицата со воени чинови не им било дозволено да се натпреваруваат, а учествувале и жени. Лис Хартел од Данска станала првата жена којашто освоил златен медал во коњички спортови. Емил Затопек од Чехословачка освоил 3 златни медали во трките на 5.000m, 10.000m и во маратонот. Овие трки пртетходно ги немал трчано. Боб Матијас од САД го одбранил златото освоено 4 години пред тоа во десетобој освојувајќи 7887 бода. Џози Бартел од Луксембург приредил големо изненадување освојувајќи златен медал во трката на 1.500m.
Спортови
Атлетика Кошарка Бокс Кано Велосипедизам Скокови во вода Коњички спортови Мечување Хокеј на трева Фудбал Гимнастика Современ петобој Веслање Едрење Стрелаштво Пливање Ватерполо Подигање тегови Борење
Демонстративни спортови
Ракомет на трева Фински бејзбол
Земји-учеснички
thumb|240px|Со сина боја се означени земјите кои за првпат учествуваат на Олимписките игри
На Летните олимписки игри - 1952 учество земале спортисти од 69 земји што било за 10 повеѓе од игрите 4 години пред тоа. на игрите дебитирале 12 земји: Бахамите, Златниот Брег (денешна Гана), Гватемала, Хонгконг, Индонезија, Израел, Холандски Антили, Нигерија, Советскиот Сојуз, Тајланд и Виетнам. Германија којашто била поделена имала 2 претставника Западна Германија и Заарлаанд. За Заарланд ова е прво и единствено самостојно учество. Во 1955 година станува дел од Западна Германија.
Аргентина Австралија Австралија Бахами Белгија Бермуда Бразил Британска Гвајана Бугарија Бурма Канада Цејлон Чиле Република Кина (Тајван) Куба Чехословачка Данска Египет Финска Франција Германија Златен Брег Велика Британија Грција Гватемала Хонгконг Унгарија Исланд Индија Индонезија Иран Ирска Израел Италија Јамајка Јапонија Кореја Либан Лихтенштајн Луксембург Мексико Монако Холандија Холандски Антили Нов Зеланд Нигерија Норвешка Пакистан Панама Филипини Полска Португалија Порторико Романија Заарланд Сингапур ЈАР Советски Сојуз Шпанија Шведска Швајцарија Таиланд Тринидад и Тобаго Турција САД Уругвај Виетнам Југославија
Освојувачи на медали
1 САД 401917762 СССР 223019713 Унгарија 161016424 Шведска 121310355 Италија 894216 Чехословачка 733137 Франција 666188 Финска (домаќин) 6313229 Австралија 6231110 Норвешка 3205 Наводи
Надворешни врски
IOC Site on 1952 Summer Olympics Helsinki 1952 Official Olympic Report la84foundation.org Helsinki 1952 Official Olympic Report olympic-museum.de