Летните олимписки игри - 1964 или 18-те Летни олимписки игри се одржале во Токио. Токио бил избран за град-домаќин на 55-тата сесија на МОК одржана на 26 мај 1959 во Минхен. Поразени кандидати биле Детроит, Брисел и Виена. Токио за првпат бил избран за домаќин на Летните оилимписки игри - 1940, но поради јапонската инвазија на Кина за град-домаќин на игрите бил избран градот Хелсинки. Но, игрите не се одржале поради Втората светска војна. Со игрите во 1964 година, Токио станал првиот град на континентот Азија којшто бил домаќин на едни Олимписки игри воопшто. На игрите не учествувала Јужноафриканската Република во којашто постоел расизам во речиси сите спортови.

Ова се резултатите од гласањето за избор на град-домаќин на игрите:

Резултати од гласањето за избор на град-домаќин на Летните олимписки игри - 1964 Град ЗемјаПрв кругТокио 20px Јапонија34Детроит 20px САД10Виена 20px Австрија9Брисел 20px Белгија5

Ретроспектива десно|thumb|300п|Нипон Будокан Јуџи Косеки ја компонирал песната за церемонијата на отворање. Јошинори Сакај којшто го запалил Олимпискиот оган е роден на 6 август 1945 година во Хирошима, денот кога овој град бил погоден од атомската бомба „Малото момче“. Спортовите џудо и одбојка коишто биле многу популарни во Јапонија биле воведени на овие Олимписки игри. Јапонците освоиле 3 златни медали во џудо, но сепак првиот златен медал во овој спорт на Олимписките игри го освоил Холанѓанецот Антон Геезинк. Финалето во одбојка во женска конкуренција го добиле репрезентативките на домаќинот Јапонија, а било пренесувано директно низ целиот свет. Светскиот првак во борење Осаму Ватанабе го освоил златниот медал во слободен стил. Ватанабе се пензионирал како единствениот спортист којшто останал непоразен во својата кариера. Неговиот ефект бил 189-0. Советската гимнастичарка Лариса Латинина освоила 2 златни, 1 сребрен и 2 бронзени медали. И двете злата ги освоила по третпатпо ред во тимска конкуренција и на партер. Лариса кариерата ја завршила со 18 Олимписки медали (9 златни, 5 сребрени и 4 бронзени) што сè уште е несоборлив рекорд. Австралијанецот Дон Фрејзер го освоил својот трет златен медал по ред на Олимписките игри во пливање во трката на 100m слободен стил. Со тој подвиг бил споредуван со веслачот Вјачеслав Иванов кој го сторил истото во веслање. Дон Шоландер освоил 4 златни медали во пливаање. Абебе Бикела станал првиот човек во Олимписката историја којшто успеал да победи во маратонот 2 пати. Новозеланѓанецот Питер Снел победил во трките на 800 и на 1500m. Бил воведен женскиот петобој. Непознатиот Американец Били Милс изненадувачки победил во трката на 10.000m. Боб Хејес победил на 100m изедначувајќи го светскиот рекорд од 10s. Во полуфиналето тој истрчал и под 10s, но поради брзината на ветерот рекордот не бил признаен. Џо Фрејзир победил во бокс во супертешка категорија.

Спортови

thumb|200px|Будокан thumb|200px|Јојоги Гимназиум- дизајниран од Кензо Танге

Атлетика Кошарка Бокс Кано Велосипедизам Скокови во вода Коњички спортови Мечување Фудбал Гимнастика Хокеј на трева Џудо Современ петобој Веслање Едрење Стрелаштво Пливање Одбојка Ватерполо Подигање тегови Борење

Демонстративни спортови

Бејзбол Будо

Земји-учеснички

thumb|240px|Со сина боја се обележани земјите кои дебитираат на Олимписките игри На Летните олимписки игри одржани во Токио во 1964 година учествувале спортисти од 94 земји. Дебитирале 16 земјии: Алжир, Камерун, Чад, Република Конго, Брегот на Слоновата Коска, Доминиканска Република, Либија, Мадагаскар, Малезија, Мали, Монголија, Непал, Нигер, Северна Родезија (денес Замбија), Сенегал и Танзанија (како Тангањика). Спортистите од Либија се откажале од учеството веднаш по церемонијата на отворање, па всушност учествувале 93 земји. Продолжила традицијата на заеднички настап на спортистите од Источна и Западна Германија којашто траела уште од пред претходните 2 Летни олимписки игри. Авганистан Алжир Аргентина Австралија Австрија Бахами Белгија Бермуда Боливија Бразил Гвајана Бугарија Бурма Камбоџа Камерун Канада Цејлон Чад Чиле Колумбија Република Конго Костарика Брег на Слоновата Коска Куба Чехословачка Данска Доминиканска Република Етиопија Финска Франција Обединет тим на Германија Гана Велика Британија Грција Хонгконг Унгарија Исланд Индија Иран Ирак Ирска Израел Италија Јамајка Јапонија Кенија Кореја Либан Либерија Либија Лихтенштајн Луксембург Мадагаскар Малезија Мали Мексико Монако Монголија Мароко Непал Холандија Холандски Антили Нов Зеланд Нигер Нигерија Норвешка Пакистан Панама Перу Филипини Полска Португалија Порторико Родезија Северна Родезија Романија Сенегал Советски Сојуз Шпанија Шведска Швајцарија Република Кина (Тајван) Танзанија Тајланд Тринидад и Тобаго Тунис Турција Уганда Обединети Арапски Емирати САД Уругвај Венецуела Виетнам СФРЈ

Освојувачи на медали

1 20px САД 362628902 20px СССР 303135963 20px Јапонија (домаќин)1658294 20px Обединет тим на Германија 102218505 20px Италија 10107276 20px Унгарија 1075227 20px Полска 7610238 20px Австралија 6210189 20px Чехословачка 5631410 20px Велика Британија 412218 Наводи

Надворешни врски

IOC Site on 1964 Summer Olympics Official Report from the Organizing Committee (2 volumes) on the AAFLA website