Туројо или (сурајт, суројо) — јазик кој спаѓа во групата на семитски јазици и во подгрупата на современите источни арамејски јазици како и дел од современиот западен сириски јазик. Овој јазик се зборува во источна Турција како и во некои делови на од Сирија. Говорниците на овој јазик се членови на Сириската православна црква. Самиот збор туро (ṭuro) означува планина, а истовремено во Турција и постои планина по име туројо која се наоѓа во близина на градот Тур Абдин. Постаро име кое било користено за овој јазик е урајт ( urayt). Во моментот, сѐ уште нема докази зошто точно на овој јазик му било променето неговото име. Овој јазик најмногу се зборува во Турција и Сирија, како и во Аргентина, Австрија, Белгија, Бразил итн.
Категорија:Семитски јазици Категорија:Јазици во Турција Категорија:Јазици во Сирија Категорија:Новоарамејски јазици Категорија:Загрозени јазици во Азија