„Битката кај Керженец“ () е советски анимиран филм од 1971 во режија на Иван Иванов-Вано и Јуриј Норштејн. Филмот содржи музика на Николај Римски-Корсаков, како и руски фрески и слики од средниот век (анимирани со помош на дводимензионална стоп моушн анимација).

Кратка содржина thumb|left|Сцена од битката Приказната се заснова на легендата за невидливиот град Китеж (која исто така е дел и од опера во четири чина на Римски-Корсаков од 1907), кој исчезнал под водите на едно езеро во обид да избегне напад на Монголите (Русија се наоѓа под монголска инвазија во тек од три века за време на средниот век).

Сепак, филмот само повремено ја следи легендата, бидејќи врвната точка на истиот е битка меѓу руските војници и монголските орди, која е направена да симболизира битка меѓу две култури (на пример Богородица се јавува на почетокот на филмот, набљудувајќи ја со нежен поглед руската армија).

Награди 1971 - Меѓународен филмски фестивал во Карлови Вари: добива награда Најдобар анимиран филм 1972 - Загрепски светски фестивал на анимирани филмови: главна награда 1972 - Тбилиси: Најдобар анимиран филм 1972 - Бомбајски филмски фестивал: "Диплома"

Поврзано Јуриј Норштејн

Надворешни врски

Битката кај Керженец на Animator.ru ru

Категорија:Филмови на руски јазик Категорија:Филмови на Јуриј Норштејн Категорија:Советски филмови Категорија:Руски филмови Категорија:Советски цртани филмови Категорија:Руски цртани филмови Категорија:Филмови од 1971 година