thumb|Turkish Airlines Building thumb|right|Авион на Turkish Airlines. мини|Boeing 787

Турска национална авиокомпанија(Турски:Türk Hava Yolları Anonim Ortaklığı, македонски изговор: Туркиш ерлајнс) (THY), е национален авио превозник на Република Турција. Оперира на 123 одредишта во странство и 23 одредишта во границита на Турција. Главната база е меѓународниот аеродромот Ќемал Ататурк во Истанбул. Компанијата има околу 12.000 вработени, и е официјален чен на Star Alliance.

Историја Авиокомпанијата беше основана на May 20, 1933. Започна операции најпрвин од Истанбул, а потоа и од Анкара. Во септември 1937 компанијата доби три De Havilland D.H. 86B. Следниот Декември, авиокомпанијата доби и четврт авион. Овие авиони го зголемија домашниот сообраќај со летови до Истанбул Ататурк, Ешкисехир, Измир, Анкара, Адана, Кајзери и Дијарбакир. Во најголемата реорганизација на авиокомпанијата, државната авиокомпанија THY, беше заменета со мешана корпорација, Türk Hava Yolları AO (THY) на 20 февруари 1956. Барањето за влез во Star Alliance беше прифатено во декември 2006. На April 1, 2008, Турската национална авиокомпанија стана полноправен член на Star Alliance.

мини

Одредишта

Погледни опширно: Одредишта на Turkish Airlines.

Договори за делење на летови

Turkish Airlines има договор за делење на летови со следните авиокомпании: Air China (SA) Air India Air Malta All Nippon Airways (SA) Asiana Airlines (SA) Austrian Airlines (SA) Croatia Airlines (SA) Egypt Air (SA) LOT Polish Airlines (SA) Луфтханза (SA) Pakistan International Airlines Royal Air Maroc SunExpress Syrian Arab Airlines

Флота

Флотата на Turkish Airlines се состои од следниве авиони заклучно со мај 2008: + Turkish Airlines ФлотаАвионВкупноБрој на седишта(Бизнис/Економска)ОдредиштаЗабелешкиЕрбас A310-2001208 (18/190)Ербас A310-3003210 (18/192)еден е претворен во карго авионЕрбас A319-1002124 (12/112)Ербас A320-20018150 (0/150)156 (0/156)Ербас A321-20017186 (15/171)195 (15/180)202 (15/187)Ербас A330-2005250 (22/228)Европа, Блиски, Среден и Далечен Исток, Северна АмерикаAVOD во економска и бизнис класаЕрбас A340-3007271 (34/237)Северна Америка и Далечен ИстокAVOD во економска и бизнис класа.Боинг 737-4009150 (12/138)Боинг 737-80046165 (90/75)Вкупно110

+ Turkish Airlines Карго ФлотаАвионВкупноКапацитет(Максимална носивост)ОдредиштаЗабелешкиЕрбас A310-300F3Европа и АзијаЌе бидат додадени повеќепо претворање на авиони од патнички во карго авиони

thumb|right|Ербас A310-300. thumb|right|Ербас A321-200.

Инциденти и несреќи

Во својата 75 годишна историја, Turkish Airlines има 3 авионски несреќи надвор од границите на Турција, како и 18 несреќи во границите на Турција. Првиот инцидент се случи на 17 февруари 1959 година, кога авионот се урна во услови на густа магла за време на слетувањето на аеродромот Гетвик во Лондон. Во авионот беа тогашниот Турски премиер Адријан Мендерес кои се упатуваа во Лондон со цел потпишување на мировниот договор за Кипар. Мендерес беше меѓу 10-тте преживеани патници од тој лет. Инцидентот со најмногу жртви беше летот број 981, кој се урна во Франција на 3 март 1974 година, поради експлозивна декомпресија, при што загинале 346 патници.

Категорија:Авиопревозници од Европа Категорија:Авиокомпании од Турција