Бетмен: Почеток, познат и како Почетоците на Бетмен — суперхеројски акционен филм од 2005 година заснован на ликот Бетмен од стриповите од компанијата ДЦ (DC), во режија на Кристофер Нолан. Улогите ги толкуваат Кристијан Бејл како Бетмен заедно со Мајкл Кејн, Лијам Нисон, Кејти Холмс, Гери Одлман, Килијан Марфи, Морган Фримен, Кен Ветанабе, Том Вилкинсон и Рутгер Хауер. Филмот од ново ја започнува серијалот за Бетмен, раскажувајќи ја приказната за потеклото на ликот и започнува со првичниот страв на Брус Вејн од лилјаци, смртта на неговите родители, и неговиот пат кон станувањето Бетмен. Филмот црпи инспирација од класичните приказни од стриповите „Човекот кој паѓа (The Man Who Falls), Бетмен: Прва година (Batman: Year One), и Бетмен: Долгата ноќ на вештерките (Batman: The Long Halloween). По серијата неуспешни проекти за оживување на Бетмен на големите екрани по критичниот неуспех на филмот од 1997 година Бетмен и Робин (Batman & Robin), Нолан и Дејвид С. Гојер започнаа со работа на филмот во текот на почетокот на 2003 година и се стремеа кон помрачен и реален тон, со тоа што хуманоста и реализмот ќе бидат основа на филмот. Целта на сето тоа била публиката да се грижи за Бетмен и Брус Вејн. Филмот, кој главно бил сниман во Англија и Чикаго, се потпирал на традицинално каскадерство а компјутерски генерираната графика била минимално користена. За потребите на филмот биле создадени нов бетмобил (наречен Акробат) и повеќе мобилен Бет-костим. Бетмен започнува забележа критичен и комерцијален успех. Филмот ја имаше својата премиера на 15 јуни 2005 година, во САД и Канада во 3 858 театри. Во текот на првиот викенд на прикажување филмот отстварил профит од 48 милиони американски долари, за на крај да забележи заработка од вкупно 372 милиони американски долари во целиот свет. Филмот доби одобрувачка критика од околу 85 проценти од мрежната страница Rotten Tomatoes. Критичарите изјавија дека стравот бил честа тема во текот на филмот, и забележале дека за разлика од претходните филмови за Бетмен, овој филм имал помрачен тон. Овој филм бил почетокот на трилогијата за Бетмен на Нолан; продолжението со наслов Мрачниот витез ја имаше својата премиера во јули 2008 година и повторно ги врати заедно Нолан и Бејл, а уште едно продолжение со наслов ,,Мрачниот витез се издигнува” има закажана премиера за јули 2012 година. Содржина
Како дете, Брус Вејн паѓа во еден напуштен бунар исполнет со лилјаци, и благодарејќи на тој настан тој развива фобија, а подоцна е сведок на убиството на неговите родители од страна на крадецот Џо Чил. Години подоцна, Чил добива условно пуштање на слобода во замена за сведочење против криминалниот шеф Кармајн Фалконе. Брус, сега веќе млад човек, оди на судењето со намера да пука во Чил, но еден од атентаторите на Фалконе пука прв. Брус се доверува во неговата пријателка од детството Рејчел Дос, која сега е окружен обвинител во Готам Сити, и таа е згрозена од желбата за одмазда на Брус. Брус го напушта Готам со желба да научи како функционира криминалното подземје, со надеж дека ќе се здобие со потребните вештини кои ќе му овозможат да го ослободи Готам од криминалот и корупцијата кои се закана за градот. Во еден затвор, тој го сретнува Дукард, кој се нуди да го обучи Брус да биде нинџа и да биде дел од Лигата на сенките која е предводена од Раз ал Гул. Кога тој го завршува својот тренинг, всушност ја дознава вистинската намера на Лигата: да го ослободат Готам од злото кое го опкружува со тоа што ќе го уништат градот. Тој го гори храмот на Лигата, при тоа убивајќи го Раз, а во исто време спасувајќи му го животот на Дукард. Брус се враќа во Готам. Додека тој јавно се претставува како безгрижен плејбој, тој пројавува интерес за неговата семејна компанија, Вејн ентерпрајзез (Wayne Enterprises), која е технолошки и одбранбен конгломерат предводен од страна на бескрупулозниот директор Вилијам Ерл, кој има намера да ја даде компанијата на продажба. Брус се сретнува со Лусиус Фокс, кој му претставува неколку експериментални прототип технологии, вклучувајќи и оклопно возило и заштитен оклоп за телото, кој Брус го користи како дел од неговото алтер-его Бетмен. Како Бетмен, Брус пресретнува илегална пратка на друга, овозможувајќи му на наредникот Џим Гордон и полицијата на Готам да го уапсат претходно недопирливиот Фалконе. Во меѓувреме, еден товарен брод на Вејн ентерпрајзез е нападнат, и украдено е експериментално оружје наречено ,,Микробранов емитер” кое користи микробранови за испарување на резервите на вода на непријателот.
Назад во Готам, Фалконе и неговите приврзаници се прогласени како ментално неспособни за судење и се префрлени во болницата за душевно болни ,,Аркам” од страна на корумпираниот Д-р Џонатан Крејн, кој го користел Фалконе за внесување на опасни халуциногени дроги кои предизвикуваат психоза. Крејн го изложува Фалконе на отровот и става маска на својата глава, а со тоа го полудува Фалконе од страв бидејќи личи на „Страшило“. Додека го истражува Крејн, Бетмен е, исто така, изложен на дрогата и е спасен од страна на Алфред и го добива противотровот од Фокс. Рејчел оди во Аркам, каде Крејн открива дека тој истурал од отровот во водените резерви на Готам пред да ја искористи дрогата на нејзе. Бетмен ја спасува, а воедно го изложува Крејн на неговиот отров и го испрашува. Крејн открива дека отровот е безопасен во течна форма и е само опасен кога ќе биде вдишан. Бетмен ја вакцинира Рејчел со противотровот и í дава две ампули, една за наредникот Гордон а другата за масовно производство.
На неговата роденденска прослава во палатата Вејн, Брус се соочува со Дукард, кој открива дека тој всушност е Раз ал Гул. Брус глуми дека е пијан и се ослободува од гостите, останувајќи сам со Раз и неговите нинџи. Раз го открива својот план за да го уништи Готам: со тоа што го украл Микробрановиот емитер и соработката со Крејн, тие имале за намера да ги испарат отровните водени резерви на градот, создавајќи масовна хистерија и насилство. Лигата ја пали палатата а Брус е заглавен внатре, но е спасен од страна на Алфред. Како што Лигата започнува да го ослободува отровот, Бетмен ја спасува Рејчел од толпа луѓе кои се под дејство на отровот и го открива неговиот вистински идентитет пред нејзе. Тој му го доверува Бетмобилот на наредникот Гордон и продолжува да го гони Раз, кој го користи системот на возови на Готам за да го ослободи отровот низ целиот град. Бетмен се соочува со Раз на возот и бега токму пред Гордон да ги разнесе шините, оставајќи го Раз да умре во сударот.
Бетмен станува јавен херој, но во исто време тој ја губи Рејчел, која не може во исто време да ги сака Брус и Бетмен. Брус ги откупува мнозинството акции во ново формираната компанија Вејн ентерпрајзез, го отпушта Ерл и го сменува со Фокс. Џим Гордон е унапреден во поручник. Тој му го покажува на Бетмен новиот Бет-сигнал и му спомнува дека има нов маскиран криминалец кој остава карти со Џокери на местото на злосторот. Бетмен ветува дека ќе го истражи тоа и исчезнува во ноќта.Антена, број 841, 8.8.2014, стр. 21.
Во главните улоги
Кристијан Бејл во улогата на Брус Вејн/Бетмен. Вејн е индустријалец милијардер чии родители се убиени од страна на крадец кога тој имал само осум години. Патувајќи низ светот неколку години барајќи начин за борба против неправдата, тој се враќа во Готам. Навечер, Брус станува Бетмен, заштитинкот одметник на Готам сити. Бејл ја доби улогата на 11 септември 2003 година, бидејќи тој изразил интерес за Бетмен уште од времето кога Дарен Аронофски планирал негова сопствена филмска адаптација.Некои од раните кандидати за улогата на Бетмен/Брус Вејн били Били Крудуп, Џејк Џиленхол, Хју Денси, Џошуа Џексон, Ејон Бејли и Килијан Марфи..Бејл мислел дека претходните филмови погрешно го искористиле ликот на Бетмен, давајќи акцент на злосторниците..За најдобро да го прикаже Бетмен, Бејл ги проучувал стриповите и илустрациите од супер херојот..Режисерот Нолан изјавил за Бејл дека, „Тој имаше точен баланс меѓу темнината и светлината кој го баравме.Гојер изјави дека додека некои глумци можат одлично да го прикажат Брус Вејн или Бетмен, сепак Бејч ќе прикаже радикални спротивни личности.Бејл го опишал толкувањето на улогата како прикажвање на четири ликови: Гневниот лик на Бетмен; плиткиот лик на плејбојот кој Брус го користи за да не биде сомнителен; одмаздољубивиот млад човек; и постариот, гневен Брус кој ја открива својата цел во животот.Бејл воопшто не го сакал својот костим, кој редовно бил неподносливо топол, а токму тоа му помогнало нему да стапи во потребното расипано расположение Тој изјавил, „Бетмен треба да биде страшен, а вие станувате ѕвер во тој костим, како што впрочем треба да биде Бетмен - не човек во костим, туку различно суштество.Бидејќи тој изгубил голем дел од својата тежина при подготовка за својот филм „Машинист“, Бејл најмил личен тренер кој ќе му помогне да се здобие со 45 килограми во текот на само неколку месеци со цел да му помогне физички да се подготви за улогата. Тој најпрвин ја преминал тежината која била потребна и се загрижил дали ќе изгледа правилно за улогата. Бејл сфатил дека неговата телесна градба не е соодветна за Бетмен, кој се потпира на брзина и стратегија. Тој ја изгуби дополнителната тежина токму во периодот кога филмот започнал со снимање..Ликот на Брус Вејн на осум годишна возраст беше толкуван од Гас Луис. Мајкл Кејн во улогата на Алфред Пениворт. Верниот батлер на родителите на Брус Вејн, кој продолжува со својата лојална служба кон нивниот син по нивната смрт. Тој е најблиското доверливо лице на Брус Вејн. Нолан мислел дека Кејн најефективно ќе ја толкува улогата на очув на ликот на Брус.Иако е опишано дека семејството на Алфред им служеле на семејството Вејн со генерации, Кејн создал негова сопствена приказна дека пред да стане батлер за семејството Вејн, Алфред служел во Специјалната воздухопловна служба на Британија. Откако бил ранет, тој бил поканет да биде батлер на семејствто Вејн од страна на Томас Вејн бидејќи, „Тој сакал батлер, но тоа требало да биде некој кој е поцврст, знаете? " Лијам Нисон во улогата на Раз ал Гул. Под псевдонимот Хенри Дукард, Раз го тренира Брус во уметноста на нинџицу, која е форма на боречка вештина. Сценаристот Дејвид Гојер изјавил дека Раз е најкомплцирираниот злосторник од светот на Бетмен, споредувајќи го со Осама бин Ладен; „Тој не е луд како останатите злосторници од светот на Бетмен. Тој не бара одмазда; всушност се обидува да го зацели светот. Со разлика што тој го прави тоа на многу драконски начин.Кристофер Нолан дискутирал со неговиот колега од филмот Мементо, Гај Ричи за улогата на Раз ал Гул, но и двајцата одлучиле дека тој е премногу млад за тој лик. Нисон вообичаено толкува ликови кои се ментори, па затоа откровението дека неговиот лик е главниот злосторник имало за цел да ја шокира публиката. Килијан Марфи во улогата на Д-р Џонатан Крејн/Плашилото. Тој е психолог-фармаколог кој равоти во болницата за душевно болни „Аркам“ и развил токсини кои предизвикуваат страв. Тој ја презема улогата на Страшилото за време на своите експерименти, каде тој ги користи своите пациенти како човечки лабораториски субјекти за неговите токсини. Тој соработува со Раз ал Гул и Кармајн Фалконе. Нолан одличил ирскиот глумец Килијан Марфи да не ја игра улогата на Бетмен, пред да му ја додели улогата на Страшилото..Марфи прочитал голем број на стрипови каде бил присутен ликот на Страшилото, и во соработка со Нолан тој дискутирал за тоа ликот да биде помалку театрален. Марфи објаснува, „Сакав да избегнам ликот да биде сличен на Ворцел Гамиџ, бидејќи тој (Страшилото) не е многу физички импозантен маж - тој повеќе е заинтересиран за манипулацијата врз умот и што тоа може да предизвика."