Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) е еден од самостојните органи на државната управа на Република Македонија и е под директна јурисдикција на Владата на Република Македонија. Дирекцијата за храна е одговорна за вршење на стручните и управните работи во областа на безбедноста на храната и производите и материјалите коишто доаѓаат во контакт со храната.

Претходникот на агенцијата, Дирекцијата за храна е основана е на 1 јануари 2005 во состав на Министерството за здравство. АХВ е формирана во 2011 година со спојување на Дирекцијата за храна и Управата за ветеринарство. Моментален директор е Оливер Миланов.

Цели и задачи Основната цел на Дирекцијата за храна е обезбедување на безбедна и квалитетна храна во производството, дистрибуцијата и прометот, заштита на потрошувачите од заблуда и измама, заштита од болести кои потекнуваат или се пренесуваат преку храната, слободен промет на внатрешниот и надворешниот пазар.

Преку државните инспектори за храна се врши контрола во сите фази на производството и прометот со храната, вклучувајќи ги и угостителските објекти и увозот и извозот на храна. Исполнувањето на надлежностите од законската регулатива, овозможува заштита на потрошувачите и обезбедува брзо информирање од областа на храната, со цел заштита на здравјето и животот на луѓето со воспоставување на систем за анализа на ризик, заснована на научни сознанија и спроведена на независен, објективен и транспарентен начин.

Исто така функциите на Дирекцијата за храна се состојат и од преземање на чекори за да се гарантира дека храната на пазарите во Р.М е во согласност со највисоките стандарди за безбедност и хигиена на храната, како и да гарантира дека храната е во согласност со превните барања.

Организациона структура Дирекцијата за храна се состои од три сектори:

Сектор за стандарди за храна, Сектор за инспекциски надзор и Сектор за анализа на ризик

Сектор за стандарди за храна Во секторот за стандарди за храна се вршат нормативно-правни и стручни работи кои се во функција на извршување на основната дејност на Дирекцијата за храна, човечки ресурси, создавање на стандардите за храна, создавање на политика за заштита на потрошувачите, како и функционирање на информатичко-аналитички систем за логистичка поддршка на целокупното работење на истата. Овој сектор има 5 одделенија:

Одделение за нормативно и управно-правни работи и човечки ресурси Одделение за административни работи и информатичко аналитички систем Одделение за заштита на потрошувачите Одделение за видови нутритивна храна, додатоци на храна, храна од ГМО и храна произведена со иновирани технологии Одделение за обезбедување на квалитет

Сектор за инспекциски надзор Секторот за инспекциски надзор ги врши работите и задачите што се однесуваат на остварување на функцијата за контрола на храната и производите и материјалите што доаѓаат во контакт со храната, преку следење на спроведувањето на прописите од областа на храната и непосредно учествува во управувањето со ризикот од храната. Овој сектор има исто така 5 одделенија.

Сектор за анализа на ризик Во овој сектор се врши анализа на ризикот, односно проценка на ризикот и комуникација на ризикот во поглед на безбедноста на храната, со цел навремено превенирање на сите потенцијални опасности, како и примена на научни согледувања во однос на безбедноста на храната и овозможување на мегународна соработка од интерес за функционирање на Дирекцијата. Секторот ја планира, подготвува, следи и евалуира мониторинг програмата за безбедност на храната. Секторот е контакт точка за Македонија за системот РАСФФ од ЕУ и воспоставува систем за навремено предупредување во однос на безбедноста на храната. Овој сектор е составен од 4 одделенија и тоа:

Одделение за проценка на ризикот Одделение за комуникација и информација со ризик Одделение за научно-стручни работи и поддршка за меѓународни проекти Одделение за мониторинг програма за безбедноста на храната center|thumb|500px|Органограм на Дирекцијата за храна

Поврзано Министерство за здравство на Република Македонија Д С З И Агенција за лекови и медицински средства на Република Македонија

Наводи

Надворешни врски Дирекција за храна на министерското мрежно место

Категорија:Министерство за здравство на Република Македонија Категорија:Здравство во Македонија