мини|Огномет на затворањето на Летните олимписки игри Летните олиумписки игри - 1988 или официјално игри на 24. Олимпијада се одржале во Сеул. Градот бил избран за домаќин на 30 септември 1981 со победа над конкурентскиот град Нагоја.

Северна Кореја која била сè уште во војна со Јужна Кореја ги бојкотирала игрите. Куба, Етиопија и Никарагва и се придружиле во бојкотот.

На игрите настапиле 8391 спортист (6197 мажи и 2194 жени) од 160 земји во 237 натпревари. 27221 волонтер помогнале во подготовките за игрите. 11331 медиум (4978 пишани медиуми и 6353 сопственици на правата за прениос) известувале од игрите.

Изборот на град-домаќин за игрите се одржал на 84. сесија на МОК на 30 септември 1981 одржана во Баден- Баден. Ова е табелата со резултатите од гласањето за избор на град - домаќин на игрите the International Olympic Committee Vote History :

Резултати од гласањето за избор на град- домаќин на Летните олимписки игри - 1988 ГрадRound 1 Сеул52 Нагоја27

Ретроспектива

Владимир Артемов од СССР освоил 4 златни медали во гимнастика, а Даниејела Силваш од Романија 3. Флоренс Грифит Џојнер од САД освоила 3 златни и еден сребрен медал во атлетика. Канаѓанецот Бен Џонсон победил во трката на 100m, но подоцна бил дисквалификуван поради тоа што бил позитивен на допинг тестот. Во 2004, Џонсон изјави дека авторитетот на американските спортисти ги заштитува сљамите нив. Тој исто така изјави дека станоцололот во неговата храна го ставил Андре Џексон. Американскиот боксер Рој Џонс Јуниор загубил во финалниот меч против Кореецот Парк Си- Хун. Судиите го изгласале Хун со резултат од 3-2 за победник што за Американците е спорно. Лоренс Лемие од Канада во едрење во класата Фин бил на втората позиција за време на трката и речиси сигурно би го освоил сребрениот медал, но тој застанал да му помогне на еден повреден натпреварувач, па на крај завршил дури на 21. место.Но, сепак поради неговата храброст и поижртвуваност бил одликуван со Медалот Пјер де Кубертен. Американскиот скокач во вода Грег Луганис освоил 2 златни медали, но си ја удрил главата од даската за скок. Тој исто така бил и ХИВ-позитивен, но за тоа не му кажал никому. Криста Ротенбургер од Источна Германија станала првиот и досега единствен спортист со медали и од Летните и од Зимските олимписки игри. На игрите во Сеул, таа освоила сребро во велосипедизам, а на Зимските олимписки игри истата година одржани во Калгари победила во брзо лизгање. Ентони Нести од Суринам го освоил првиот златен медал за својата земја, а исто така станал и првиот црномурест натпреварувач кој освоил злато во пливање. Досега тоа не го повторил ниту еден. Кристин Ото од Источна Германија освоила 6 златни медали во пливање. Мат Бјонди кој бил во поход да го сруши рекордот од 7 златни медали на Марк Шпиц освоил 5, а Џенет Еванс освоила 3. Шведската натпреварувачка во мечување Керстин Палм станала првата жена којашто учествувала на 7 Олимписки игри. Марк Тод од Нов Зеланд го освоил својот втор последователен златен медал на Олимписките игри јавајќи го својот коњ Харизма во тридневниот натпревар во коњички спортови. Спортовите бејзбол и теквондо биле демонстративни. За спортот бејзбол ова било седми пат да биде демонстративен спорт на Олимписките игри. За последен пат на Олимписките игри, кошаркарската репрезентација на САД била составена од играчи кои не играат во НБА лигата. САД очекувано загубиле од Советскиот Сојуз во полуфиналето. За првпат во Олимписката историја, натпреварите во дерсура добиле жени како победници. Спортот џудо во женска конкуренција бил демонстрационен спорт. Нов спорт којшто бил воведен на игрите бил спортот пинг-понг. Кина и Јужна Кореја освоиле по 2 златни медали. Тенисот се вратил на Олимписките игри како дел од Олимписката програма по пауза од 64 години. Во финалето во женска конкуренција Штефи Граф ја победила Габријела Сабатини. Два бугарски натпреварувачи во кревање тегови морале да ги вратат освоените златни медали поради нивните позитивни допинг тестови. Како последица на овој настан, бугарската делегација ги напуштила игрите.

Спортови

Стреличарство Атлетика Кошарка Бокс Кано/Кајак Велосипедизам Скокови во вода Коњички спортови Мечување Фудбал Гимнастика Ракомет Хокеј на трева Џудо Современ петобој Веслање Едрење Стрелаштво Пливање Синхронизирано пливање Пинг-понг Тенис Одбојка Ватерполо Подигање тегови Борење

Демонстративни спортови

Бадминтон Бејзбол Куглање Џудо (женска конкуренција) Теквондо Трки со колички

Земји-учеснички thumb|Учесници (со сина боја се обележани земјите кои за првпат учествуваат на Олимписките игри) Спортисти од 159 земји се натпреварувале на игрите во Сеул. Аруба, Американска Самоа, Кушки Острови, Гуам, Малдиви, Вануату, Сент Винсент и Гренадини и Јужен Јемен дебитирале на игрите.

Во следнава листа се дадени сите земји-учеснички на игрите во Сеул:

Авганистан (5) Алжир (46) Американска Самоа (6) Андора (3) Ангола (29) Антигва и Барбуда (16) Аргентина (125) Аруба (8) Австралија (295) Австрија (88) Бахами (17) Бахреин (11) Бангладеш (6) Барбадос (17) Белгија (65) Белиз (10) Бенин (7) Бермуда (13) Бутан (3) Боливија (7) Боцвана (8) Бразил (171) Британски Девствени Острови (3) Бугарија (186) Буркина Фасо (6) Бурма (2) Камерун (15) Канада (379) Кајмански Острови (8) Централноафриканска Република (16) Чад (6) Чиле (18) Кина (293) Кинески Тајпеј (90) Колумбија (43) Конго (9) Кукови Острови (6) Костарика (16) Брегот на Слоновата Коска (32) Кипар (9) Чехословачка (171) Данска (92) Џибути (7) Доминиканска Република (16) Еквадор (26) Египет (54) Ел Салвадор (6) Екваторска Гвинеја (6) Фиџи (24) Финска (79) Франција (309) Габон (3) Гамбија (7) Источна Германија (291) Западна Германија (404) Гана (18) Велика Британија (369) Грција (58) Гренада (6) Гуам (20) Гватемала (30) Гвинеја (8) Гвајана (8) Хаити (4) Хондурас (7) Хонгконг (49) Унгарија (203) Исланд (32) Индија (46) Индонезија (31) Иран (27) Ирак (31) Ирска (65) Израел (19) Италија (286) Јамајка (35) Јапонија (289) Јордан (9) Кенија (76) Јужна Кореја (467) Кувајт (31) Лаос (6) Либан (8) Лесото (6) Либерија (21) Либија (6) Лихтенштајн (12) Луксембург (8) Малави (17) Малезија (13) Малдиви (7) Мали (6) Малта (9) Мавританија (6) Маврициус (8) Мексико (91) Монако (7) Монголија (28) Мароко (27) Мозамбик (6) Непал (18) Холандија (192) Холандски Антили (3) Нов Зеланд (3) Нигер (8) Нигерија (76) Норвешка (79) Оман (13) Пакистан (31) Панама (6) Папуа Нова Гвинеја (12) Парагвај (1) Перу (22) Филипини (33) Полска (152) Португалија (68) Порторико (70) Катар (12) Романија (64) Руанда (6) Сент Винсент и Гренадини (7) Самоа (11) Сан Марино (11) Саудиска Арабија (14) Сенегал (22) Сиера Леоне (15) Сингапур (8) Соломонски Острови (7) Сомалија (7) Советски Сојуз (514) Шпанија (269) Шри Ланка (6) Судан (8) Суринам (6) Свазиленд (11) Шведска (205) Швајцарија (109) Сирија (16) Танзанија (10) Тајланд (16) Того (6) Тонга (6) Тринидад и Тобаго (6) Тунис (41) Турција (50) Уганда (25) ОАЕ (12) САД (615) Уругвај (14) Вануату (6)) Венецуела (18) Виетнам (10) Американски Девствени Острови (26) Северен Јемен (11) Јужен Јемен (8) СФР Југославија (157) Заир (18) Замбија (31) Зимбабве (31)

Освојувачи на медали

</ref> 1 55 31 46 132 2 25px Источна Германија 37 35 30 102 3 36 31 27 94 4 (домаќин) 12 10 11 33 5 20px Западна Германија 11 14 15 40 6 11 6 6 23 7 10 12 13 35 8 7 11 6 24 9 6 4 6 16 10 6 4 4 14

Маскота

Официјална маскота за Летните олимписки игри - 1988 одржани во Сеул бил Ходори. Тоа бил сибирски тигар измислен од Ким Хјун, претставувајќи го пријателството на Корејците.

Поврзано Летни параолимписки игри - 1988 Меѓународен олимписки комитет МОК кодови за земјите Наводи

Надворешни врски

Официјална репортажа 1 Официјална репортажа 2 Програма за Летните олимписки игри - 1988