Од љубов кон тебе (шпански јазик: Por Amor a Vos) е аргентинска хумористична теленовела. Серијата во Аргентина со прикажување започна на 28 јануари 2008 во ударниот термин заменувајќи ја комедијата Фамилијата Фиеро. Во главните улоги се појавуваат Мигел Анхел Родригес и Кларибел Медина.

Синопсис Понекогаш животот со други луѓе може да биде сложен. Маргарита е силна и борбена жена која е предадена на работата и синот, со кој се многу блиски. Таа решава да го промени животот и да се пресели во нова зграда, да најде нов пат и нови хоризонти. Нејзин син е Леон. Во новиот живот на Маргарита и помага Бето. Тој е управител на зградата, во која се преселува Маргарита, не е строг и ладен човек, тој е сосема напротив. Таму Маргарита се запознава и со Маурисио, тој е исклучително нервозен заболекар. Двајцата мажи ќе се запознаат со Маргарита во еден ист ден и ќе си ги променат животите бидејќи се вљубуваат искрено во неа. Двајцата освен што ќе бидат заљубени во една иста жена, се и големи пријатели. Нервозниот заболекар Маурисио има ќерка Јасмин, која откако ќе се запознае со синот на Маргарита, Леон, ќе и се промени животот во спротивен правец. Меѓу двајцата се раѓа голема љубов. Но, тоа не е се во оваа приказна... Маргарита крие длабоко во срцето и душата една голема тајна. Леон не е син на Маргарита, туку на нејзината сестра Силвија. Маргарита дознава дека таткото на Леон може да биде како Бето така и Маурисио и дури администраторот на зградата Армандо. Во оваа теленовела се сплетуваат ужасот и комедијата, болката и радоста и страста и копнежот.

Улоги Глумци Ликови Мигел Анхел Родригес Бето БалдесКларибел Медина Маргарита КарлониРаул Таибо Маурицио СасонеНиколас Кабре Леон КарлониСоледад Фандињо Јасмин СасонеРодолфо Рани Армандо МолинариНиколас Скарпино ИполитоЕстебан Прол Мартиниано Луна Надворешни врски Официјално мрежно место

Категорија:Аргентински телевизиски серии Категорија:Теленовели