thumb|400px|right|Реканскиот (жировничкиот) говор на картата на македонските дијалекти
Рекански дијалект или жировнички говор — локален говор што припаѓа на западното македонско наречје на македонскиот јазик, поточно на говорите од областа Долна Река. Во поновата литература, говорот сè почесто се разгледува како микродијалект со сопствени системски особености, особено во фонетиката и лексиката.Сакри, С. (2025). Жарноскиот говор: Мала монографија и речник. Internet Archive.
Говорот покажува блискост со галичкиот и дебарскиот говор, но содржи и низа локални црти кои не се целосно поклопени со нив.
Територија Се зборува главно во селото Жировница и во пошироката околина во горниот тек на реката Радика, во регионот Долна Река.
Фонетски и фонолошки одлики зачестена употреба на согласката ф варијабилна реализација на фонемата ѓ, која во говорот може да се доближи кон џ или преоден звук меѓу двете намалена и нестабилна употреба на ѕ појава на о наместо а во одредени позиции ослабена или поедноставена употреба на палаталните љ и њ
Морфолошки одлики глаголите од а-групата често преминуваат во е-група: играат → играет употреба на трите определени членови употреба на наставката -т за трето лице еднина употреба на предлозите во и в
Понови истражувања
Современ опис на говорот, со транскрипција, примери и речник, е даден во делото на Селмин Сакири Жарноскиот говор: Мала монографија и речник (2025), кое претставува лаичен, но систематски обид за документирање на говорот врз основа на теренско познавање и дијаспорско искуство.
Наводи
Категорија:Македонски дијалекти