Баскервилскиот пес (англиски: The Hound of the Baskervilles) — криминалистички роман од сер Артур Конан Дојл, издаван во списанието Стренд во 1901 и 1902. Случките се одвиваат во Дартмур во 1889. Во делото Шерлок Холмс и Д-р Вотсон ја истражуваат клетвата поврзана со Баскервилскиот пес.
Вдахновение Главно вдахновение било мочуриштето Фокс Тор за пишување на романот. Имотот на Бскервил е или имотот на Хејфорд Хол или на Брук Менор, што и двете се во близина на Баскфестлија. Во ова дело повторно се појавува Шерлок Холмс со Д-р Вотсон. Конан Дојл ги вметнал повторно поради нивниот претходен успех.
Главни ликови Шерлок Холмс – главниот лик во романот, детективот од 221Б Бејкер Стрит во Лондон кој ќе ја реши мистеријата околу ѕверот и убиставата. Џон Вотсон – раскажувачот на приказната, соработник на Шерлок Холмс и негов пријател. Хуго Баскервил – сопственик на имотот Баскервил од 17 век со кого започнала мистеријата во семејството. Чарлс Баскервил – препоследниот преживеан сопственик на имотот, кој е убиен веднаш на почетокот на романот и неговото убиство е едно од главните во романот. Хенри Баскервил – внук на Чарлс Баскервил, наследник на имотот и еден од главните ликови. Д-р Мортимер – лекар, пријател на Чарлс и Хенри Баскервил, лик кој го открива убиството. Џек Степлтон – главниот антагонист, убиец и заговорник на серија убистава и проневери. Берил Степлтон – сопруга на Џек Степлтон, но и во улога на негова сестра. Џон и Елиза Беримор – главни домашни помошници на Баскервелови. Лора Лионс''' – наводна љубовница на Џ. Степлтон. Селден'' – тежок криминалец кој пребегнал во близината на Баскервелови.
Во популарната култура „Баскервилскиот пес“ — американски филм од 1939 година, во режија на Сидни Ленфилд.8.5.2021 (пристапено на 8.5.2021)
Наводи
Категорија:Романи Категорија:Книги од Артур Конан Дојл Категорија:Шерлок Холмс