ЗиЛ-41047 — лимузина од руската марка ЗиЛ. Има седум седишта заедно со возачот. Натоварен тежи 3550 кг. Максималната брзина му е наведена како „не помалку од 190 км/ч“. Автомобилот има 7,7 литарски мотор со V8 од сопствена конструкција со 315 КС (232 kW) при 4.600 вртежи во минута. Погонот е на задните тркала, со трибрзински автоматски пренос во следниов сооднос:
Прва брзина: 2.02:1 Втора брзина: 1.42:1 Трета брзина: 1:1 Рикверц: 1.42:1
Овој автомобил во 1985 го наследил моделот ЗиЛ-41045 без практично никакви механички измени. Главните промени се во стилот, особено во ретрозиворите, што претставуваат драстична модернизација во споредба со претходните ЗиЛ-ови модели. Биле модернизирани и предните трепкачи, каде квадратната хоризонтална линија е заменета вертикално поставена линија, во облик на врата. Преработен бил и обликот на предните фарови, како и задната полица. Во внатрешноста, најбитната промена била замената на копчињата за менување на брзини со менувач од подот. Автомобилот е толку широк, што управувачката табла е паралелна на менувачот .
ЗиЛ-41041 е сличен модел, но со доста помало меѓуосовинско растојание. Ова е седан со пет седишта кој нема додатен прозорец зад задните врати.
Бил претставен и прототип ЗиЛ-4112, како сосема современа верзија на овој автомобил, со директно вбризгување и со сила зголемена за 25% . Овој модел за првпат е прикажан во 2005. Се очекува истиот да влезе во производство.
Надворешни врски Официјална страница на автомобилот Новиот ЗиЛ-4112
41047 ЗиЛ-41047 Категорија:Советски автомобили