thumb|300px|Успението на Пресвета Богородица е тема на многу уметнички дела низ вековите. Оваа фреска е од манастирот Пресвета Богородица во Берово.

Успение на Пресвета Богородица или Голема Богородица — значаен христијански празник кај православните, католиците и протестантите, посветен на смртта на Марија, мајката на Исус Христос. Христијаните веруваат дека Богородица заспала блажено, спокојно и радосно, а по смртта воскреснала и заминала на небото, како со душата така и со телото. Називот успение значи заспивање. Во источните цркви, и католичка и православна, празникот се нарекува Dormition of the Blessed Mother.

Овој ден се празнува на 15 август по стариот календар, или 28 август по новиот календар.

Историски наоди

Иако Епифаниј од Саламис во 377. година напишал дека никој не ја знаел судбината на МаријаEpiphanius, Panarion, Haer. 78.10-11, 23, барем од V век постојат наводи за успението на Марија. Најстариот запис е „Книгата на сеќавањето на Марија“ (лат. Liber Requiei Mariae).Stephen J. Shoemaker, Ancient Traditions of the Virgin Mary's Dormition and Assumption (Oxford: Oxford University Press, 2002, 2006). A complete translation of this earliest text appears at pp. 290-350 Иако книгата е најверојатно од IV век, текстот може да е и постар, дури и од III век. Исто така, и во ракописи на сириски јазик од V и VI векWilliam Wright, "The Departure of my Lady Mary from this World," The Journal of Sacred Literature and Biblical Record, 6 (1865): 417-48 and 7 (1865): 108-60. See also Agnes Smith Lewis, ed., Apocrypha Syriaca, Studia Sinaitica, XI (London: C. J. Clay and Sons, 1902).

Подоцнежни написи кои го потврдуваат успението на Марија се книгата De Obitu S. Dominae, која му се припишува на Свети Јован Богослов od VI век, како и книгата De Transitu Virginis од доцниот V век која му се припишува на Свети Мелитон од Сардис, кајшто се раскажува и дека „апостолите до смртната постела на Марија биле донесени на бели облачиња, секој од градот кајшто проповедал во моментот“.

Во некои верзии на приказната се вели дека настанот се случил во Ефес, во куќата на Марија, а во најстарите традиции настанот се лоцира во Ерусалим. Во некои подоцнежни верзии, се раскажува дека Апостолот Тома задоцнил на погребот и подоцна кога стигнал и го отворил камениот гроб виделе дека телото го нема и заклучиле дека, како и Исус, и Марија воскреснала и заминала на небото. Исто така, се раскажува дека Марија им ја фрлила шамијата на апостолите од небото како доказ за нејзиното успение.Ante-Nicene Fathers - The Writings of the Fathers Down to A.D. 325, vol. 8 page 594

Црковна традиција

Црквата нѐ учи дека Марија, мајката на Исус, завршувајќи го текот на земниот живот на најсвет начин, била преземена со тело и душа во небесна слава.Pope Pius XII: "Munificentissimus Deus - Defining the Dogma of the Assumption", par. 44. Vatican, 1 ноември 1950 Ова е утврдено учење во сите христијански цркви, вклучувајќи ја православната, католичката, источата и коптската. Сите го слават денот на успението на 15 август. Кај православните цркви кои го користат јулијанскиот календар, оваа дата паѓа на 28 август, а на празникот му претходи 14-дневен пост.

Уметничко вдахновение

Успението на Пресвета Богородица претставувало вдахновение за уметниците уште од најстари времиња. Овој настан е прикажан на многу црковни фрески, икони, а и подоцнежни дела од времето на ренесансата и барокот. Некои од најпознатите слики се прикажани во оваа галерија:

Наводи

Надворешни врски Успение на Пресвета Богородица и опширна дискусија за неговото значење - портал „Премин“ Успение на Пресвета Богородица — Православен календар на МПЦ-ОА

Категорија:Богородица Категорија:Христијански празници Категорија:Чуда во христијанството Категорија:Католички празници Категорија:Православни литургиски денови