мини|Цицерон, За природата на боговите За природата на боговите (лат. De Natura Deorum) е дело на римскиот говорник Цицерон, напишано во 45 п.н.е. Делото е поделено на три „книги“, кои ја обработуваат теологијата на различни римски и старогрчки филозофи. Книгата особено се задржува на критички осврт кон стоичката и епикурејската теологија.
Делото расправа и за веројатноста и случајноста, и истата се смета за извор на теоремата на неуморниот мајмун, каде во едно големо множество на случајни настани може да се пронајде навидум голем поредок.
Текст Англиски За природата на боговите (Том 1) (Cambridge, Univ. Press 1880-1885) За природата на боговите (Том 2) (Cambridge, Univ. Press 1880-1885) За природата на боговите (Том 3) (Cambridge, Univ. Press 1880-1885)
Македонски Кикерон, Философски расправи, превод од латински Љубинка Басотова, Три, Скопје 2003; 446 стр.; 20 см. (Библиотека Сфинга)
Категорија:Филозофски дела на Цицерон