Арпино (ита. Arpino) — град (општина) во покраината Фрозиноне во регионот Лацио во средна Италија.
Историја Стариот град датира најмалку од VII век п.н.е. Бил поврзан со Волските и Самнитите. Потоа бил заземен од Римјаните, а во 305 п.н.е. станал „граѓанство без право на глас“. Градот се стекнал со право на глас во 188 п.н.е.,а во 90 п.н.е. му бил доделен статус на муниципиум (самоуправен град). Римското име на градот било Арпинум. Познат е како родно место на Гај Мариј и Цицерон.
Категорија:Градови во Лацио