right|thumb|200px|„Англиски појадок“ од марката „Твајнингс“. Англиски појадок (англ. English Breakfast tea) е мешавина на црн чај со пол, силен и интензивен вкус предвиден за консумирање со млеко и шеќер, кој традиционално се служи со обилниот англиски појадок.
Во мешавината се користат разни црни чаеви како асамски, цејлонски и кениски, како и кимун. Распространети марки на „Англиски појадок“ се Твајнингс, Тетли, Тејлорс од Харогет, ПГ Типс, Стеш Ти Компани, Липтон, Селестијал Сизонингс, Рингтонс, Зеста и Дилма.
Потекло Постојат разни преданија за потеклото на овој чај. МногуминаПрашајте го Г-дин Појадок - Каков е чајот „Англиски појадок“? Каква врска има со појадокот? Стеш Ти: Видови на чај велат дека негов создавач бил некојси Драјздејл од Единбург: Пред повеќе од стотина години во Шкотска човек по име Драјздејл отишол во дуќан за чај во видокругот на Единбуршкиот замок и им понудил чај наречен „Појадок“ [Breakfast]....[ Во 1982 ] тие сѐ уште го продаваат единствениот чај на пазарот именуван само како „Breakfast“ и ништо повеќе, веројатно сметајќи дека Шкотите ... во тоа време од денот не сакаат да чујат ништо друго освен која мешавина чај отвора очи.Мешани чаеви J. N. Pratt. Tea Lover's Treasury (ISBN 0-89721-178-2)
Друго објаснение Историја на чајот „Англиски појадок“ според една статија во часописот „Journal of Commerce“ е дека овој чај датира од 1843 и негов изумител е трговецот Ричард дејвис од Њујорк. Дејвис, кој бил англиски имигрант, почнал на основа на конгу и додал малку пеко и пучонг. Го продавал по 50 центи по фунта, а неговиот успех предизвикал имитатори, така популаризирајќи го.
Поврзано Ирски појадок (чај) Полн појадок
Наводи
Категорија:Чај Категорија:Англиска кујна