Владислав Јуриевич Фролов (руски:Владислав Юрьевич Фролов) (роден на 24 јули 1980) — руски атлетичар кој се натпреварува во трката на 400m.

На европското првнство одржано во Гетеборг во 2006, во трката на 400m, Фролов со време од 45,09s го освои сребрениот медал.

На европското првенство во сала во 2007, како дел од штафетата на Русија 4х400m, Владислав го освои сребрениот медал, заедно со Иван Бузолин, Максим Дилдин и Артем Сергејенков. Всушност, Русија заврши трета, но поради инцидентот кој го предизвикал германскиот атлетичар Бастијан Свилимс, кој го турнал Артем Срегејенков, германската штеафета била дисквалификувана со што го загубила златниот медал, а руската штафета напредувала до второто место.

Владислав Фролов најголемиот свој успех го постигна со освојувањето на бронзениот медал на Летните олимписки игри - 2008 одржани во Пекинг како дел од штафетата на Русија 4х400m.

Наводи

Категорија:Руски атлетичари Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1980 година