thumb|Malév head office Малев () беше национален авиопревозник на Унгарија и авиокомпанијата е заснована на аеродромот во Будимпешта. Леташе на 50 одредишта низ 34 земји ширум светот. Малев е член на алијансата Oneworld од април 2007 година.

Историја Компанијата официјално е основана на 29 март 1946 година, кога Унгарско - Советска компанија за цивилно воздухопловство беше формирана. Флотата во тоа време броеше 2 авиона, Li-2 и Po-2. За време на комунистичкиот режим во Унгарија, флотата на Малев се состоеше главно од авиони од советско потекло, од типот Туполев, со кој сообраќаше на одредишта во Европа и Блискиот Исток. Некаде при крајот на комунистичкиот режим, Малев во својата флота додаде авион од типот Боинг 737-200. Моментално флотата на Малев брои вкупно 18 авиони од типот Боинг 737, еден авион од типот Боинг 767, како и неколку авиони од типот Фокер 70 и Бомбардиер CRJ 200. На 12 јули 2007 година, Лојд Пакстон беше назначен за извршен директор на авиокомпанијата. Пакстон беше во одборот на директори на British Airways цели 35 години. На 14 септември 2007 година, Лојд Пакстон даде отказ на работното место, при што, за негов заменик беше назначен Петер Леонов. Со работа престанува на 3 февруари 2012 година кога е прогласен банкрот.

Одредишта

Погледни опширно, Одредишта на Малев.

Авиокомпанијата главно леташе на одредишта низ Европа, но исто така оперираше и на некои одредишта до Северна Америка и Азија. На 29 октомври 2007 година, Малев објави дека ги прекинува северно Американските одредишта за време на зимскиот период, со главна причина дека сообраќајот за време на зимскиот период е драстично намален, и со тоа придонесува загуба за авиокомпанијата.

Флота

+ Малев ФлотаАвионВкупноПатнициОдредишта ЗабелешкиБоинг 737-6006 102 (19/83)Европа, Азија, Блискиот ИстокБоинг 737-7007119 (24/95)Европа, Азија, Блискиот ИстокБоинг 737-8005 (Позајмен за време на зимска сезона 08/09)164 (19/145) 180Европа, Азија, Блискиот Исток и Африкаеден авион позајмен на Livingston Energy FlightБомбардиер Q4004 (од Септември 2008)72Европа

Категорија:Авиопревозници од Европа Категорија:Авиокомпании од Унгарија