Евгени Јуриевич Ликјаненко (руски:Евгений Юрьевич Лукьяненко) (роден на 23 јануари 1985) — руски атлетичар кој се натпреварува во техничката дисциплина скок со стап.
На светското првенство во сала одржано во Валенсија во 2008, Евгени го освои златниот медал со прескокнати 5,90 m.
Во јули 2008, Евгени Лукјаненко во Бидгож прескокна висина на нов личен рекорд од 6,01m. На Летните олимписки игри - 2008 одржани во Пекинг, тој го освои сребрениот медал со прескокнати 5,85 m.
Надворешни врски
Профил на мрежното место на Меѓународниот олимписки комитет
Категорија:Руски атлетичари Категорија:Родени во 1985 година