Марселин „Марсел“ Сердан (фр. Marcel Cerdan) ( - ) бил француски светски шампион во бокс кој од страна на многумина боксерски експерти и навивачи е сметан за еден од најголемите боксери на Франција но и на Европа кој својата боксерска вештина ја учел и ја стекнувал во Африка. Неговиот живот е одбележан со неговите спортски постигнувања, општенствениот животен стил и со трагедијата.

Марсел Сердан се родил на 22 јули 1916 во Сиди Бел Абес во тогашен Француски Алжир. Почнал професионално да боксува на 4 ноември 1934 во Мекнес, Мароко, победувајќи го Марсел Бучианери во меч со 6 рунди. Оттогаш извојувал 47 последователни победи сè до 4 јануари 1939, кога за првпат изгубил, од Хари Крастер со дисквалификација во 5-тата рунда во Лондон.

Наводи

Категорија:Француски боксери Категорија:Светски шампиони во бокс Категорија:Французи