Три сестри (португалски јазик: Três Irmãs) е бразилска телекомедија. Серијата во Бразил започна со прикажување на 15 септември 2008 год. Во главните улоги се појавуваат како две од трите сестри, Џована Антонели (нам добро познатата Жаде од серијата Клон и Каролина Дикман од серијата Семејни интриги
Синопсис Традиционалното семејство Жекитиба, кое се состои само од жени, потекнува од малиот град Карамирим. Виржинија и нејзините ќерки се познати под прекарот „Жекитибарки“ бидејќи предци им се создавачите на градот. Г-ѓа Виржинија е мајката, добра жена која е сопственичка на малата аптека Жекитиба. Таа е храбра жена која го пребродила напуштањето од сопругот, кој, по неколку години, загинал во пожар. Единствената причина да живее ѝ се трите ќерки: Дора, Алма и Сузана. Трите ќерки исто така, ја поддржуваат и сакаат мајка си. Дора е најстарата сестра. Таа е вдовица и знае како добро да живее. Има памет на бунтовна тинејџерка заробен во тело на вистинска жена. Таа има мало дете, Маркињо, и живее со свекрва ѝ, Виолета Акила, која ја обвинува за прераната смрт на синот ѝ Артур. Откако мајка ѝ ќе се разболи, таа ќе поминува повеќе време во Карамирим, каде ќе го запознае ортопедот Бенто, во кој ќе се вљуби. Алма, средната сестра, е многу способен гинеколог. Таа е идеалист кој се бори за правата на жените, но има слабост кон машкиот пол и сѐ уште си ја нема најдено сродната душа. Таа е моментално девојка на Робињо. Живее во Рио де Жанеиро, но откако ќе раскине со Робињо и ќе дознае дека мајка ѝ е болна, ќе се врати во Карамирим каде повторно ќе се сретне со Грег, нејзината голема љубов од детството и нему ќе му се препушти за да ја доживее љубовта како што досега ја немала доживеано. Најмладата сестра, Сузана е посвоена ќерка, сурферка, убава одвнатре и однадвор. Таа предава во училиштето во Карамирим и таму сите ја сакаат. Таа е единствената која живее со мајка ѝ во Карамирим. Таа е вљубена во Шанде, но таа љубов е наизглед само услуга, бидејќи Шанде останал инвалид откако во некој случај ѝ го спасил животот. Но секојдневието на Сузана и на останатите жители на Карамирим ќе се промени со доаѓањето на двете сестри од градот. Но она што навистина ќе ѝ го промени животот на Сузана е доаѓањето на Валкирија и Ерос, со кого ќе доживее страствена љубовна приказна полна со пречки. Сите три сестри се убави на свој начин. Секоја од нив е сѐ уште во потрага по голема љубов.
Улоги Глумци Ликови Џована Антонели Алма ЖекитибаКлаудија Абреу Дора ЖекитибаКаролина Дикман Сузана ЖекитибаАна Роса Виржинија ЖекитибаМаркос Палмеира БентоРехина Дуарте Валдет Марија до Насцименто БезераРодриго Илберт Грег (Грегорио)Хосе Вилкер Августо ПињеироБет Гуларт Леонора МалатестаТато Габус Мендес Орландо МалатестаКасио Габус Мендес Мајте Проенка Валквира ПасколиЛуис Густаво Нереу Видигал КастроХуго Карвана Д-рАндраде(Белеца)Отавио Мулер Генаро ФортунаГрациела Морето Валериа ГутиерецМарчело Новаес Сандро ПедреираКајки Брито Паулињо(Пауло Фернандо Аквила)Даниела Речо ДудаЏулијана Шалш Џулијана ГалваоБјанка Бјингтон Гилда СуелиРоберто Бонфим Пацифико АквилаДебора Дуарте Флоринда АквилаСоланге Коуто ЏанаинаАилтон Граца ЏакареОтавио Аугусто ЧучуМалу Гали Лигиа ПедреираОтон Бастос Д-рФранциско ПолидороАлоисио де Абреу Префеито Нелсон СантанаМалу Вале Неуца СантанаЛеонардо Карваљо АлфредаоИван Мендес Педро Хенрике СантанаЕмануел Арауџо Соина РанинаРоберта Родригес НеидинаЦецилија Даси Наталија МалатестаГуилхерме Пива Глаучо Кампо СантоМарија Едуарда КарминаРафаел Циани ТониноАнтониа Фреринг Сиди Кореја Салвио Кампо СантоПедро Роса Луиз Роберто СантанаКаио Вудал ГибоМалу Родригес МаринаКарлос Лофрер Адамстор ПамплонаРејчел Квеироз ЗараВитор Новело МарквињоТвајне Ферари РафињаМатеус Коста Лукас Рио ПретоЕстрела Бланко МелОмар Доцена ЏериБрено Леоне Зиг ПедреираКаио Ваз Тор Педреира
Надворешни врски Официјално мрежно место Теледраматургија
Категорија:Бразилски телевизиски серии Категорија:Теленовели