Брус Ли (кин. 李小龍; пинјин: Lǐ Xiăolóng), роден Ли Џун-Фан, (кинески: 李振藩; Lǐ Zhènfān (пинјин), 27 ноември 1940 - 20 јули 1973) — глумец, мајстор на боречки вештини, филозоф, режисер, продуцент, сценарист и основач на приодот на борба наречен „Џит Кун До“. Тој се смета за културна икона2 и еден од највлијателните борци на 20 век.

Ли е роден во Сан Франциско, Калифорнија, во семејство со потекло од Хонгконг, но растел во Хонгконг сè до крајот на тинејџерските денови. Кога наполнил 18 години, Ли емигрирал во САД за да се здобие со американско државјанство3 и со повисоко образование. Тоа бил периодот кога започнал да предава боречки вештини, кои наскоро го довеле до филмски и телевизиски улоги.

Неговите филмови со продукција од Хонгконг и Холивуд ги издигнаа традиционалните филмови со боречки вештини од Хонгконг на ново ниво на популарност и слава, и предизвикаа голем интерес за кинески боречки вештини во Западот во 1970-тите. Насоката и тонот на неговите филмови ги променија боречките вештини и филмовите со боречки вештини во Хонгконг, како и во остатокот од светот. Тој е познат по својата улога во пет играни филма, „Големиот газда“ (1971) и „Тупаница на гневот“ (1972), во режија на Ло Веј; „Враќање на змејот“ (1972), режиран од Брус Ли; „Во змејското гнездо“ (1973) на Warner Brothers во режија на Роберт Клус и „Игра на смртта“ (1978).

Ли стана фигура позната низ целиот свет и останува многу популарен меѓу азиските народи, а особено меѓу Кинезите, бидејќи преку неговите филмови 4 го отсликувал кинескиот национализам. Ли првично тренирал Винг Чун, подоцна ги отфрлил добро дефинираните боречки стилови и го поттикнувал користењето на корисни техники од различни извори во духот на неговата лична филозофија за боречките вештини која ја нарекол Џит Кун До (Jeet Kune Do).5

Детство

Брус Ли е роден на 27 ноември 1940 година во кинеската болница која се наоѓа во кинеската четврт во Сан Франциско.6 Неговиот татко Lee Hoi-chuen беше кинез, а неговата мајка, Grace Ho (何愛瑜) беше католик и од татко германец и мајка кинеска.789 Тој бил четвртото од пет деца: Агнус, Фиби, Питер и Роберт. Ли и неговите родители се вратиле во Хонгконг кога наполнил три месеци.1011

Имиња

Даденото кантонско име на Брус Ли беше Lee Jun-fan 12 Името буквално значи “повторно се враќа” ; името Брус му било дадено од неговата мајка, која сметала дека Брус ќе се врати во САД кога ќе порасне. Поради суеверието на неговата мајка, таа го нарекувала Sai Fon ( женско име).13 Се сметало дека англиското име “Брус” му било даденo од страна на визитинг докторот, д-р Mary Glover.14

Брус Ли имал три други кинески имиња: Li Yuanxin 李源鑫семејно име, Li Yuanjian 李元鑒студентско име, додека го посетувал колеџот La Salle, и секако неговото кинеско сценско име Li Xiaolong 李小龍 (Xiao Long - мал змеј). Името Jun-fan првично бил напишан на кинески како 震 藩, сепак овој Jun (震) бил идентичен со дел од името на дедо му 李震彪, кое се смета за табу во кинеската традиција. Затоа, кинескиот знак Jun во името на Брус Ли било променето во хомонимот 振 за да се избегне табуто со именувањето во кинеската традиција.

Семејство

Lee Hoi-chuen, татко му на Брус бил еден од водечките кантонски оперски и филмски глумци во тоа време. Тргнал на едногодишна кантонска опера турнеја со неговото семејство во предвечерјето на јапонската инвазија на Хонгконг. Lee Hoi-chuen бил на турнеи низ САД долго време и имал изведби во повеќе кинески заедници.

Иако голем број од неговите врсници одлучиле да останат во САД, Lee Hoi-chuen решил да се врати во Хонгконг, откако неговата жена го родила Брус. За неколку месеци, Хонгконг бил нападнат и наредните 3 години и 8 месеци семејството Ли живееле под јапонска окупација. Семејството Ли ја преживеале војната, а всушност им тргнало доста добро. По завршувањето на војната, Lee Hoi-chuen ја продолжил својата глумечка кариера и станал уште поголема ѕвезда во текот наредните години на обнова во Хонгконг.

Grace, мајка му на Брус Ли припаѓала на еден од најбогатите и најмоќните кланови во Хонгконг наречен Ho Tungs. Таа била внука на Сер Robert Ho Tung, патријарх на кланот. Како таков, младиот Брус Ли израснал во богата и привилегирана животна средина. И покрај оваа предност поради статусот на неговото семејство и поради тоа што голем број луѓе бегале од комунистичка Кина во Хонгконг, соседството во Хонгконг во кое израснал се преполнил, станало опасно и полно со соперништва меѓу бандите:

„Хонгконг по војната било тешко место за растење. Бандите ги контролирале улиците и Ли честопати бил принуден да се тепа. Но, Брус сакал предизвици и се соочувал со неговите противници. На разочарување на неговите родители, уличните борби на Брус продолжиле и насилната природа на неговата конфронтации ескалирала.“

По замешаноста во неколку улични борби, неговите родители одлучиле дека Брус Ли треба да тренира боречки вештини. Првото запознавање на Брус Ли со боречките вештини било преку неговиот татко, Lee Hoi-cheun.Тој ги научил основите на Wu стил Tai Chi Chuan од својот татко.15

Винг Чун (Wing Chun)

Најголемо влијание на напредокот на Брус Ли во боречките вештини било учењето на кинеската боречка вештина Винг Чун. Брус Ли започнал со тренирање Винг Чун во текот на летото во 1954 година, на возраст од 13 години под раководство на познатиот Винг Чун мастер Ип Мен (Yip Man). Мастер Ип Мен исто така бил колега и пријател на Wu Ta-ch'i, наставник по Tai Chi Chuan во Хонгконг. Редовните тренинзи главно се состоеле во практикување чи сао (chi sao) вежби (trapping hands), техники на дрвена кукла и слободен спаринг.16 Немало одредена шема за часовите. Ип се обидувал да ги спречи своите студенти да се борат во уличните банди на Хонгконг охрабрувајќи ги да се борат во организирани натпревари.17

По една година тренирање Винг Чун, повеќето ученици на Ип Ман одбиле да тренираат со Ли откако дознале за неговото потекло (мајка му била од полугерманско потекло), бидејќи кинезите во Америка генерално биле против подучување на нивните боречки техники за неазијати.18 Тоу Даи Хокинс Ченг (Toe Dai Hawkins Cheung), спаринг партнерот на Ли изјавил: “Веројатно помалку од шест луѓе од целиот винг чун клан беа лично или барен делумно тренирани од Ип Мен.19“ И покрај тоа, Брус покажал голем интерес кон боречката вештина, и во 1955 година продолжил да тренира приватно со Вилијам Ченг (William Cheung) и Вонг Шун-Ленг (Wong Shun-leung).

Заминување од Хонгконг

По посетувањето на училиштето Так Сан (德 信 学校) (неколку блокови од неговиот дом на 218 Nathan Road, Kowloon) Ли бил запишан во основно училиште при колеџот La Salle во 1950 или 1952 година (на возраст од 12 години). Околу 1956 година, поради лоши оценки (или можеби поради лошо однесување), тој бил префрлен во колеџот (гимназија), каде што бил подучуван од страна на Brother Edward, католички монах (по потекло од Германија но целиот свој живот го поминал во Кина, а потоа во Хонгконг), наставник и тренер на училишниот боксерски тим.

Во пролетта 1959 година, Ли бил учесник во уште една улична борба и полицијата била повикана.20 Достигнувајќи ги доцните тинејџерски денови, уличните борби на Ли се зачестиле а еднаш Ли го претепал синот на озлогласено семејство. Најпосле татко му одлучил Ли да го напушти Хонгконг и да оди во САД во потрага по побезбеден и подобар живот. Неговите родители го потврдиле стравот на полицијата дека овој пат противникот на Брус Ли имал досие за организиран криминал, и имало можност Ли да биде убиен.

Полицискиот детектив дојде и рече „Извинете г-дин Ли, вашиот син навистина многу се тепа во училиште. Ако се вмеша во само уште една тепачка, можеби ќе морам да го ставам во затвор.“ - Роберт Ли

Во април 1959 година неговите родители одлучиле да го испратат во САД да се сретне со својата постара сестра Агнес Ли (李秋鳳) која веќе живеела со пријатели на семејството во Сан Франциско.

Нов живот во Америка

На возраст од 18 години, Ли се вратил во САД со $100 во џебот и медалот од 1957 година за Шампион во училиштен бокс и од 1958 за Шампион на Хонгконг во Crown Colony Ча Ча танц. По неколкумесечен престој во Сан Франциско, есента, 1959 година се преселил во Сиетл, да го продолжи своето средно образование и работел за Руби Чоу како келнер во нејзиниот ресторан.

Сопругот на Руби бил соработник и пријател на татко му. Неговиот постар брат Питер Ли (李忠琛) исто така му се придружил на Брус Ли во Сиетл за кратко време пред да замине во Минесота за да се запише на колеџ. Во декември 1960 година, Ли завршил средно образование и добил диплома од техничката школа Едисон (Edison Technical School)(сега Seattle Central Community College, кој се наоѓа во Капитол Хил, Сиетл).

Во март 1961 година, се запишал на Универзитетот во Вашингтон и според информациите од Универзитетот 21 главен предмет му бил драма, не филозофијата како што тврдел Ли и многу други. Тој, најверојатно, исто така студирал филозофија, психологија, и разни други предмети.222324 Токму на Универзитетот во Вашингтон тој ја сретнал својата идна жена Линда Емери (Linda Emery), американска учителка со која се венчал во август 1964 година.

Брус Ли имал две деца со Линда, Брендон Ли (1965-1993) и Шенон Ли (родена 1969).

Џун Фан Кунг Фу (Jun Fan Gung Fu)

Ли започнал да предава боречки вештини во САД во 1959 година. Вештината што ја предавал ја нарекол Џун Фан Кунг Фу (Jun Fan Gung Fu) (буквално Кунг Фу на Брус Ли). Во основа тоа бил неговиот пристап кон Винг Чун.25 Ли ги подучувал неговите пријатели кои ги сретнал во Сиетл, почнувајќи со џудистот Џеси Гловер (Jesse Glover,), кој подоцна станал негов прв асистент инструктор. Ли ја отворил својата прва школа за боречки вештини наречена Lee Jun Fan Gung Fu Institute, во Сиетл.

Брус Ли се отпишал од колеџ пролетта 1964 година и се преселил во Оукленд да живее со Џејмс Јим Ли (James Yim Lee) (嚴鏡海, немал никаква роднинска врска со Брус Ли). Џејмс бил дваесет години постар од Брус и добро познат кинески борец во областа Bay. Тие заедно ја основале втората Jun-fan школа во Оукленд. Џејмс Ли (James Lee) исто така бил одговорен за запознавање на Брус Ли со Ед Паркер (Ed Parker), крал на боречките вештини во САД и организатор на Меѓународно првенство во карате, на кој Брус Ли подоцна бил „откриен“ од Холивуд.

Џит Кун До (Jeet Kune Do)

Џит Кун До потекнува од 1965 година. Контроверзен натпревар со Вонг Џек-Ман (Wong Jack-man) имал силно влијание врз филозофијата на Ли за боречки вештините. По околу три-минутна борба (некои велат 20-25 минути) [кои?], Вонг Џек Ман го признал поразот. Ли заклучил дека борбата траела предолго и дека тој не успеал да го искористи докрај својот потенцијал користејќи ги своите Винг Чун техники. Тој увидел дека традиционалните боречки техники се премногу ригидни и формални за да бидат практични во хаотични улични борби. Ли одлучил да се развие систем со акцент на „практичност, флексибилност, брзина и ефикасност“. Тој почнал да користи различни методи на вежбање, како што се тренирање со тежина за сила, трчање за издржливост, растегнување за флексибилност, и многу други кои постојано ги прилагодувал.

Ли го истакнал она што тој го нарекувал „стил на немање стил“. Тоа се состоело од ослободување од формализираниот пристап којшто Ли тврди дека е индикативен на традиционалните стилови. Ли сметал дека системот кој го нарекувал Jun Fan Gung Fu е премногу рестриктивен и на крајот еволуирал во филозофија и боречка вештина, која ја нарекол Jeet Kune Do или Way of the Intercepting Fist (Патот на пресретнувачката тупаница). Тоа е термин за кој подоцна зажалил бидејќи Jeet Kune Do подразбира специфични параметри кои вклучуваат стилови, додека идејата за неговата боречка вештина била постоење надвор од параметрите и ограничувањата.27

Меѓународно карате првенство во Лонг Бич (Long Beach)