Оксфордскиот корпус на англискиот јазик (англ. Oxford English Corpus) — зборовен корпус на англискиот јазик кој го користат изработувачите на Оксфордскиот речник на англискиот јазик (Oxford English Dictionary, OED) и јазичната истражна програма на Издаваштвото на Оксфордскиот универзитет (Oxford University Press). Ова е најголемиот корпус од овој вид во светот, со над две милијарди зборови.AskOxford.com: Како се скрати ОЕД. Пристапено на: 2 декември, 2007. Изворите за овие зборови се најразлични творби, од „литературни романи и специјалистички журнали, секојдневни весници и списанија, и од Хансард до јазикот на чет-собите, е-писма и блогови“AskOxford.com: Оксфордскиот корпус на англискиот јазик . Пристапено на 2 декември, 2007.. За разлика од ова, сличните бази на податоци содржат само творби од извесен вид.
Дигиталната верзија на Оксфордскиот корпус на англискиот јазик е форматирана со XML и обично се анализира со софтвер за „скицирање“ (Sketch Engine).Технички информации. Пристапено на 22 јуни, 2006.
Секој документ од корпусот во себе содржи и метаподатоци naming: наслов автор (ако е познат; на многу портали ова е тешко да се одреди) пол на авторот (ако е познат) тип на јазик (на пр. британски англиски, американски англиски) изворно мрежно место година (+ датум, ако е познат) дата на придодавање кон збирката домен + поддомен статистики за документот (број на симболи, реченици итн.)
Наводи
Поврзано Окфордски речник на англискиот јазик Корпус на современиот американски англиски јазик (COCA) 360 милиони зборови, 1990-2007. Слободен он-лајн. Американски национален корпус Анализа на честота
Надворешни врски Британски национален корпус Скицирање на зборови
Англиски корпус Англиски корпус Категорија:Англиски јазик Категорија:Бази на податоци