Маторски јазик или моторски јазик — уралски јазик, кој бил дел од подгрупата на самоједски јазици. Јазикот изумрел во 1839 година, со смртта на последните говорници. Маторскиот се зборувал во северните региони на Сајанските Планини во Сибир, во близина на границата со Монголија. Којбалците, односно Маторите (алтернативен назив), живееле на широка област, односно од источните делови на Минусинскиот округ, покрај реката Енисеј па до Бајкалското Езеро. Низ историјата биле запишани три дијалекти: маторски, тајгиски и карагаски.

Којбалците се всушност една од петте територијални групи на Хакасите. Наводи

Helimski, Eugen. 1997. Die Matorische Sprache: Wörterbuch – Grundzüge der Grammatik – Sprachgeschichte .

Надворешни врски Маторско-англиски зборови

Категорија:Самоједски јазици Категорија:Мртви јазици во Азија Категорија:Јазици изумрени во 19 век