Ровшан Бајрамов (роден на 5 мај 1987 во Баку, Азербејџанска ССР) е азербејџански борач кој на Летните олимписки игри - 2008 одржани во Пекинг го освои сребрениот медал во дисциплината Грчко-римски до 55 кг. На патот до фимналето, тој ги победи Мостафа Мохамед (Египет), Јаниер Ернандес (Куба) и Роман Амојан од Ерменија, но во мечот за златниот медал загуби од Нази Манкиев од Русија.

Категорија:Азербејџански борачи Категорија:Родени во 1987 година