Хари Потер е серијал од седум фантастични книги напишани од британската авторка Џ. К. Роулинг. Книгите ги следат авантурите на адолесцентниот волшебник Хари Потер и неговите најдобри пријатели Рон Визли и Хермиона Гренџер, од кои сите се ученици во училиштето за магии и волшебништво Хогвортс. Централното дејствие се сосредоточува околу борбата на Хари со злобниот волшебник Лорд Волдеморт, кој ги убил родителите на Хари во време на првата Волшебничка војна и да го потчини неволешбничкото општество. Направени се осум успешни филмови, видеоигри и други разновидни трговски производи засновани на серијалот.
Сè од издавањето на првиот роман Хари Потер и Каменот на мудроста во 1998, книгите имаат стекнато неизмерна популарност, критичко одобрување и рекламен успех низ целиот свет. Заклучно со јуни 2008, продадени се над 400 милиони примероци од целиот серијал кој е пак преведен на 67 различни јазици,name="Translations for Harry Potter"name="boxofficemojo" а последните четири книги имаат поставено рекорд на најпродавани книги.
Англиските верзии на книгите се издадени од Bloomsbury во Обединетото Кралство, од Scholastic Press во САД, од Allen & Unwin во Австралија и од Raincoast Books во Канада. Во Македонија, првите пет книги на македонски јазик се издадени од Култура, додека шестата книга од Матица македонска, со седмата книга најавена. До сега, првите шест романи се адаптирани во серија филмови од Warner Bros., со шестиот, Хари Потер и Полукрвниот Принц излезен на 15 јули 2009. Од серијалот има произлезено сврзана трговска стока, правејќи го целокупниот Хари Потер бренд вреден 7 милијарди фунти (15 милијарди долари).
Содржина
Дејството во романите е сосредоточено на Хари Потер, сирак кој на единаесет годишна возраст открива дека е волшебник. Волшебните вештини се вродени, но децата се праќаат во училишта за магии и волшепства за да ги научат волшебните вештини неопходни за опстанок и успех во волшебничкиот свет. Хари е поканет да го започне своето волшебничко образование во интернатот Хогвортс. Секој роман обработува една година од животот на Хари, а повеќето настани се случуваат во Хогвортс. Покрај проблемите што ги носи адолесценцијата, Хари учи како да ги собори многуте волшебни, општествени и емоционални потешкотии.
Волшебниот свет
Ретроспективи низ серијалот откриваат дека додека Хари бил сè уште бебе, го сведочел убиството на своите родители од страна на Лорд Волдеморт, мрачен волшебник опседнат со расната чистота. За причини отпрвин неоткриени, обидот на Волдеморт да го убие Хари бил неуспешен. Волдеморт навидум бил убиен, а Хари преживеал со само мала лузна на неговото чело во форма на громотевица како потсетник на нападот. Како ненамерен спасител од теророт на Волдеморт, Хари станува жива легенда во волшебничкиот свет. Сепак, по наредба од неговиот бранител, волшебникот Албус Дамблдор, Хари е сместен во домот на своите непријатни нормални (неволшебници) роднини, кои иако го чуваат на безбедно, воопшто не му кажуваат за неговото вистинско потекло.
Првиот роман од серијалот, Хари Потер и Каменот на мудроста, започнува приближно пред единаесеттиот роденден на Хари. Полуџинот Рубеус Хагрид му ја открива вистината за негвото потекло и го воведува во волшебничкиот свет. Светот кој Џ. К. Роулинг го има создадено е сосема одвоен, но воедно и врзан со вистинскиот свет на Нормалните. Додека фантастичниот свет Нарнија е алтернативен свет, а светот во Господар на прстените, Средна Земја е дел од митско минато, волшебниот свет во Хари Потер постои паралелно со вистинскиот свет и содржи волшебни елементи слични на тие од неволшебничкиот свет, па затоа многу од волшебничките установи и локации се на места познати за неволшебничкиот свет, како на пример Лондон. Книгите опфаќаат фрагментирана колекција од скриени улички, престари гостилници, осамени селски вили и изолирани замоци кои остануваат невидливи за очите на неволшебничката популација, Нормалните.
Со помош на Хагрид, Хари се подготвува и ја започнува неговата прва година во Хогвортс. Како што Хари почнува да го истражува волшебничкиот свет, на читателот му се претставени многу важни локации од серијалот. Хари ги запознава повеќето од главните ликови и станува најдобар пријател со: Рон Визли, великодушно момче од старо, огромно, среќно, но сиромашно волшебничко семејство и Хермиона Гренџер, интелигентно девојче со неволшебничко потекло. Хари исто така го запознава и училишниот професор по волшебни напивки, Северус Снејп, кој покажува длабок и траен презир кон Хари. Заплетот свршува со второто сретнување на Хари со Волдеморт, кој во потрагата по бесмртност, копнее да се здобие со моќта на каменот на мудроста.
Серијалот продолжува со Хари Потер и Одајата на тајните прикажувајќи ја втората година на Хари во Хогвортс. Тој и неговите пријатели почнуваат да истражуваат мистерија стара педесет години која изгледа доста поврзана со злотворните скорешни настани во училиштето. Романот навлегува во историјата на Хогвортс и во легендата за „Одајата на тајните“, подземно дувло на древно зло. За првпат, Хари ги сфаќа расните разлики во волшебниот свет и дознава дека терорското владеење на Волдеморт било извршувано поради неговата омраза кон волшебниците кои потекнувале од неволшебничко семејство. Хари е исто така шокиран кога дознава дека е змиоуст (може да комуницира со змии); оваа ретка способност честопати е поврзувана со мрачните вештини. Книгата завршува кога Хари ја спасува младата сестра на Рон, Џини Визли, поразувајќи го обидот на Волдеморт да се врати преку старо сеќавање врежано во дневник.
Третиот роман, Хари Потер и Затвореникот од Азкабан, го следи Хари во неговата трета година на магично образование. Оваа книга е всушност единствената книга која не го обработува Волдеморт. Наместо тоа, Хари мора да се соочи со сознанието дека е мета на Сириус Блек, убиец кој штотуку избегал од волшебничкиот затвор Азкабан, за кој се верува дека е вмешан во убиството на родителите на Хари.
Борејќи се со својата рекација кон дементорите - мрачни суштества со моќ да ја исцицаат душата на човекот - кои наводно го чуваат училиштето, Хари бара помош од Ремус Лупин, новиот учител по одбрана од мрачните вештини со мрачна тајна. Лупин го учи Хари на одбрандбени магии кои се над потребното ниво на знаење на еден волшебник како Хари. Хари дознава дека двајцата, Лупин и Блек биле блиски пријатели со татко му и дека Блек е погрешно обвинет за предавство по вина на четврт пријател, Питер Петигру.
Враќањето на Волдеморт
За време на четвртата година на Хари во Хогвортс, прикажана во Хари Потер и Пламениот пехар, Хари безволно е присилен да учествува во Тробојот, опасен волшебнички турнир помеѓу вештерки и волшебници од странски училишта. Хари се обидува да открие кој го наместил да учествува во турнирот и зашто. Загрижениот Хари е предводен во турнирот од Аластор Муди, новиот професор по одбрана од мрачните вештини кој испаѓа е Барти Крауч Џуниор претворен во Муди. Мигот кога мистеријата се разрешува го означува пресвртот на серијалот од загатнување и неизвесност до отворен конфилкт каде децата почнуваат да растат. Романот завршува со преродбата на Волдеморт и смртта на Седрик Дигори.<ref name="hp-plot-goblet2" /
Во петтата книга, Хари Потер и Редот на фениксот, Хари мора да се соочи со штотуку преродениот Волдеморт. Поради враќањето на Волдеморт, Дамблдор го обновува Редот на фениксот, тајно здружение кое работи од мрачната куќа на Сириус Блек на тоа како да се уништат следбениците на Волдеморт и да се заштитат неговите мети, вклучувајќи го и Хари. Редот вклучува доста возрасни личности на кои Хари им верува, вклучувајќи ги Лупин, Блек и некои од Визлиеви, но и некои изненадувачки личности. Добрите и лошите ликови не се толку очигледни. Наспроти објаснувањето на Хари за последните неколку дејствија на Волдеморт, Министерството за магии и поголемиот дел од волшебничкото општество не верува дека Волдеморт е вратен.
Во обид да наметнат политичко точен наставен план и да го урнат угледот на професорот Дамблдор, кој покрај Хари е најистакнатот глас во Волшебничкиот свет во убедувањата дека Волдеморт е вратен, министерството ја поставува Долорес Амбриџ како висок иследник во Хогвортс. Таа го преобразува училиштето со диктаторски режим и одбив да ги учи учениците на начини на кои ќе можат да се одбранат од мрачните сили. Затоа, Хари формира тајна ученичка група каде ги подучува своите соученици на вештини од повисоко ниво, кои тој ги знае. Романот го запознава Хари со Луна Лавгуд, лекомислена ученичка која верува во чудни конспиративни теории. Важно пророштво за Хари и Волдеморт се открива и Хари дознава дека тој и Волдеморт имаат умствена, но болна поврзаност, која телепатски му овозможува на Хари да види некои дејствија на Волдеморт. Во самата кулминација, Хари и дел од неговите соученици се пресметуваат со некои од Смртојадите на Волдеморт, кои го вклучуваат арoгантното и богато семејство Мелфој. Навременското пристигнување на членовите на Редот на фениксот ги спасува учениците и овозможува фаќање на некои од Смртојадите.
Во нивната шеста година, во Хари Потер и Полукрвниот Принц, протагонистите ги поминале своие ОБС испити и започнуваат КИВТ курсеви. Волдеморт подготвува нова војна, која станува толку насилна што дури и неволшебниците согледуваат некои од ефектите. Иако Хари и неговите пријатели се релативно заштитени од таа опасност во Хогвортс, тие стануваат предмет на потешкотиите што ги носи адолесцницијата. На почеток на романот Хари наидува на стар учебник по напивки исполнет со прибелешки и препораки, потпишан од мистериозниот Полукрвен Принц. Додека советите во книгата му помагаат на Хари да конечно успее по напивки, согледува дека не треба да им верува на магиите на анонимниот автор. Хари почнува да има и приватни часови со Албус Дамблдор, кој му покажува неколку сеќавања кои го покажуваат раниот живот на Волдеморт. Сеќавањата откриваат дека душата на Волдеморт е поделена на хоркрукси, злобни маѓепсани предмети скриени на различни места. Снобовскиот противник на Хари, Драко Мелфој, се обидува да го нападне Дамблдор и книгата кулминира со убивањето на Албус Дамблдор кое го извршува Северус Снејп.
Хари Потер и Реликвиите на смртта, последната книга од серијалот, започнува веднаш по настаните од шестата книга. Волдеморт го завршува своето доаѓање на власт и го зазема Министерството за магии. Хари, Рон и Хермиона ја пропуштаат својата последна учебна година за да ги најдат и уништат преостанатите хоркрукси на Волдеморт. За да се заштитат себеси, а и нивните пријатели и семејства решаваат да се изолираат. Во нивната потрага по хоркруксите, триото дознава детали за минатото на Дамблдор, како и вистинските мотиви на Снејп.
Книгата кулминира со борба во Хогвортс. Хари, Рон и Хермиона здружени со членови од Редот на фениксот, голем дел од професорите и учениците, го бранат Хогвортс и се пресметуваат со Волдеморт, неговите Смртојади и некои мрачни волшебни суштества. Многу од главните ликовите ги губат своите животи во првиот чин од борбата, а Волдеморт продолжува со намерата да го убие Хари. Во обид да ги спаси преживеаните, Хари се предадава, но битката продолжува со доаѓањето на некои од родителите на учениците од Хогвортс, жителите на соседното село Хогсмид кои му се придружуваат на Редот на фениксот. Со последниот хоркрукс уништен, Хари конечно се пресметува со Волдеморт. Епилог на крајот од книгата ги опишува животите на преживеаните ликови како и ефектите на волшебничкиот свет.
Дополнителни дела