{| align=right | Луј XVI (роден на 23 август 1754 во дворецот Версај - починал на 21 јануари 1793 во Париз) бил крал на Франција од Бурбонската династија и крал на Навара. Кога ја презел власта, незадоволството кај третиот сталеж било многу големо. Се обидел да спроведе реформи, но сето тоа завршило без успех. За време на Француската револуција бил симнат од престолот и бил гилотиниран на 21 јануари 1793, откако бил фатен во обид да избега од земјата.
Категорија:Бурбонска династија во Франција Категорија:Кралеви на Франција Категорија:Европски монарси од 18 век Категорија:Погубени на гилотина за време на Француската револуција Категорија:Починати во Париз Категорија:Родени во 1754 година Категорија:Починати во 1793 година Категорија:Погубени со обезглавување