мини|десно|Официјално лого на Универзијадите Универзитетски игри или „Универзијада“ — повеќеспортски меѓународен натпревар кој се одржува за универзитетските спортисти од страна на Меѓународната универзитетска спортска федерација (МУСФ). Зборот „Универзијада“ е комбинација од зборовите „универзитет“ и „Олимпијада“. Денес наместо поимот Универзијда, често се употребуваат и поимите „Светски универзитетски игри“ и „Светски студентски игри“, иако полследниот може да има значење и на некои подуниверзитетски натпреварувања.
Светски студентски игри (пред првата Универзијада) Меѓународно универзитетско натпреварување за првпат било одржано во 1923 година, а било организирано од Националната унија на студенти на Франција. Официјално, „Летни студентски светски пвенства“ биле одржани во 1924, а организирани од Меѓународната судентска конфедерација, а истите биле преименувани во „Светски студенстки игри во 1930. Од 1949 била организирана „Летна меѓународна универзитетска спортска седмица“, а од 1957 „Светски универзитетски игри“. Алтернативни првенства биле организирани во 1939 и од Меѓународната студентска унија од 1947 - 1962. Натпреварите во женска конкуренција за прфв пат биле одржани на игрите во 1930.
Светски студентски игри (Меѓународна студентска унија) Првите официјални Светски студентски игри биле одржануи во 1924, а од Меѓународната универзитетска спортска фдерација (МУСФ) во 1949. Алтернативен настан бил организиран од Меѓународната студентска унија во периодот од 1947-1962.
Места на одржување на универзијадите Во табелата се дадени годинити и местата нан одржување на Летните и Зимските универзијади.
ГодинаИгриЛетна универзијадаИгриЗимска универзијада 1959 I Торино, — 1960 — I Шамони, 1961 II Софија, — 1962 — II Вилар, 1963 III Порто Алегре, — 1964 — III Шпиндлеров Млин, 1965 IV Будимпешта, — 1966 — IV Сестриере, 1967 V Токио, — 1968 — V Инсбрук, 1970 VI Торино, VI Рованиеми, 1972 — VII Лејк Пласид, 1973 VII Москва, — 1975 VIII Рим, VIII Ливињо, 1977 IX Софија, — 1978 — IX Шпиндлерув Млин, 1979 X Град Мексико, — 1981 XI Букурешт, 20п Романија X Хака, 1983 XII Едмонтон, Алберта, XI Софија, 1985 XIII Кобе, XII Белуно, 1987 XIV Загреб, XIII Штрбске Плесо, 1989 XV Дисбург, XIV Софија, 1991 XVI Шефилд, XV Сапоро, 1993 XVII Бафало, XVI Закопане, 1995 XVIII Фукуока, XVII Хака, 1997 XIX Сицилија, XVIII Муџу, 1999 XX Палма де Мајорка, XIX Попрад Татри, 2001 XXI Пекинг, XX Закопане, 2003 XXII Тегу, XXI Тарвизио, 2005 XXIII Измир, XXII Инсбрук / Зеефелд, 2007 XXIV Бангкок, XXIII Торино, 2009 XXV Белград, XXIV Харбин, 2011 XXVI Шенџен, XXV Ерзурум, 2013 XXVII Казањ, XXVI Трентино, 2015 XXVIII Квангџу, XXVII Гранада, 2017 XXIX Тајпеј, XXVIII Алмати, 2019 XXX Бразилија, XXIX Краснојарск,
Спортови
Спортови на Летните универзијади (кои беа во програмата на Летната универзијада - 2007) Атлетика Бадминтон Водени спортови Ватерполо Пливање Скокови во вода Гимнастика Спортска гимнастика Ритмичка гинастика Голф Me;uvawe Кошарка Одбојка Софтбол Пинг-понг Стрелаштво Пушка и пиштол Сачмарка Теквондо Тенис Фудбал Џудо
Спортови на Зимските универзијади:
Алпско скијање Биатлон Брзо лизгање Карлинг Нордиско скијање Ски-скокови Скијање на даска Уметничко лизгањее Хокеј на мраз
Надворешни врски
Официјално мрежно место на Меѓународната универзитетска спортска федерација (МУСФ) Официјално мрежно место на Германската универзитетска спортска федерација
Категорија:Студентски спорт Категорија:Повеќеспортски натпреварувања