Ракометната репрезентација на Македонија е женска сениорска репрезентација што ја претставува Македонија на светската ракометна сцена во женска конкуренција. Репрезентацијата е раководена и е под закрила на РФМ. Тренер на репрезентацијата е Симе Симовски, а капитен на репрезентацијата е Елена Ѓорѓиевска.
Меѓународни учества
Европско првенство
Европско првенство 1998: 8 Европско првенство 2000: 8 Европско првенство 2006: 12 Европско првенство 2008: 7 Европско првенство 2012: 16 Европско првенство 2022: 16 Европско првенство 2024: 18
Светско првенство Светско првенство 1997: 7 Светско првенство 1999: 8 Светско првенство 2001: 21 Светско првенство 2005: 15 Светско првенство 2007: 12
Состав и раководство
Состав Ракометарки дел од квалификациските натпревари против Словенија во јуни 2019 година.
Раководство
ПозицијаИме Тренер Симе Симовски Помошник тренер Александар Царчев Директор Емил Угриновски
Поединечни признанија и награди
ПрвенствоИграчПризнание СП 1997 - Германија Индира Кастратовиќ Најдобар стрелец, 71 гол СП 1999 - Данска/Норвешка Индира Кастратовиќ Најдобар десен бек ЕП 2000 - Романија Лариса Ферзалиева Најдобро лево крило
Поранешни ѕвезди Индира Кастратовиќ Милева Велкова Валентина Радуловиќ Гордана Нацева Марина Абрамова Билјана Наумовска Наталија Тодоровска Анжела Платон Дана Филиповска Мирјана Чупиќ Лариса Ферзалиева Јулија Портјанко Клара Боева Драгана Пецевска Олга Бујанова Мирјета Бајрамовска
Поврзано Ракометна Федерација на Македонија Ракометна машка репрезентација на Македонија
Наводи Европска Ракометна Федерација - EHF Меѓународна ракометна федерација - IHF
Надворешни врски Официјална страница на РФМ Профил на ЕХФ
Македонија Категорија:Ракометот во Македонија Ракометна, Женска