Атанас Раздолов — македонски револуционер и писател.

Биографија

Раздолов е роден во 1872 година во Берово, Малешевско, во семејството Топаловци. Уште млад, тој го напуштил родното место и заминал во Софија. Задоен со преродбенските и ослободителните борби во малешевскиот крај и наоѓајќи се во работничка средина во Софија, ослободителните идеи кај младиот Раздолов се издигнуваат на повисоко ниво. Тој ја поврзува националноослободителната борба со револуционерната борба на работничката класа. Познат е под псевдонимот „дедо Раздолчо“. Членувал во Македонскиот револуционерен социјалдемократски сојуз, основан од Васил Главинов.

Во 1901 година, тој бил затворен поради неговите пишувања за бугарскиот кнез Фердинанд.

За време на Балканските војни, тој бил доброволец во втората бригада од Седмата кумановска дружина на Македонско-одринскиот доброволен корпус на бугарската армија, со командирот потпоручник Георги Светогорски.Раздолов, А., Бѫдащето на Балканския полуостровъ, Варна, 1914, Печатница на Д. Тодоровъ, стр. 14

Атанас Раздолов самиот си го одзема животот во Софија во 1931 година.

Творештво

мини|200п|десно|Биста во градот Берово

Раздолов е автор на 15 книги, помеѓу кои се: „Песните на востаникот“ (1895), „Крвавиот исток и бездушна Европа“ (1889), „Пред министерските врати“ (1907), „Иднината на балканскиот полуостров“ (1914). Објавил и повеќе статии, стихови и брошури со револуционерна содржина. Дел од неговите брошури по курири биле испраќани во внатрешноста на Македонија, за потребите на Организацијата.

Пример од поезијата на Атанас Раздолов

Следната поема е извадок од „Песните на востаникот“.

Так в срцето македонско да в‘згласим ниј борбата срешту племе анадолско да развием знамената

Нек покажем на турчина на цинцарја и на грка на б‘лгарина, на србина и на всеки што ни брка

Че не ламптим за корони за царштина и за слава не штем да сме ниј барони в македонската држава

Но се трудим да в‘ведем братство, равенство, свобода! трудим се да с‘здадем љубов мила в народа!

Трудим се и верваме че в борбата ште успеем: надеждата не губиме скоро песен ште запеем.

Белешки

Надворешни врски

„Иднината на Балканскиот Полуостров“ За луѓето од Малешевијата - Атанас Раздолов Атанас Раздолов говори за това кои точно са Македонците

Категорија:Родени во 1872 година Категорија:Починати во 1931 година Категорија:Луѓе од Берово Категорија:Македонски социјалисти Категорија:Македонски анархисти Категорија:Македонски поети Категорија:Македонски преселници во Софија Категорија:Отомански Македонци Категорија:Бугарски социјалисти Категорија:Бугарски анархисти Категорија:Бугарски поети