Босилек или босилок, поточно сладок босилек () — растение од семејството на усноцветните (Lamiaceae). Босилекот е мека нискорастечка билка која се одгледува во топли клими. Потекнува од Иран, Индија и други тропски региони на Азија, и се култивира барем 5.000 години. Постојат многу видови босилек: оној што се употребува во италијанската кујна се нарекува „сладок босилек“, за разлика од „тајландскиот“ или „светиот“ кои се употребуваат во Азија.
Најчесто се користи во националните кујни на Италија, Тајланд, Виетнам и Лаос.
Зборот „босилек“ веројатно доаѓа од грчкиот збор за крал ( - „василеос“) бидејќи според легендите босилек никнал на местото кај што светите Константин и Елена го откриле светиот крст. Се верува и дека можеби босилекот се употребувал во некое обредно кралско капење или лековита смеса.
мини|десно|Забрзана снимка на растот на босилекот
Здравствени дејства
Во последно време има многу истражувања за дејството на есенцијалните масла во босилекот. Научните студии утврдиле дека состојките на маслото од босилек имаат силно антиоксидансно својство, според тоа делува против стареење, против рак, вируси и микроби.
Покрај тоа, босилекот го намалува таложењето на плочкасти клетки кај глувците, што значи дека можеби делува и против артериосклерозата. Во Индија, босилекот традиционално се користи како дополнителен лек против стрес, астма и дијабетес.
Од друга страна, познато е дека босилекот содржи естрагол кој е познат канцероген кај глувците, но дејството кај човекот сѐ уште не е познато.
Босилокот во народното творештво, уметноста и популарната култура Босилокот е присутен како тема во народното творештво, во литературата и во популарната култура: „Садила Јана ран босилок“ - македонска народна песна.YouTube, PETRANKA KOSTADINOVA - Sadila Jana ran bel bosilok (пристапено на 5 ноември 2019) „Садила Мила босилек“ - македонска народна песна.Блаже Тренески, Стојна ситноода. Скопје: Студентски збор, 1981, стр. 21. „Пуштат билка по бел босилек“ - македонска народна песна.Блаже Тренески, Стојна ситноода. Скопје: Студентски збор, 1981, стр. 78. „Босилокот на Изабета“ - расказ во „Декамерон“ на Џовани Бокачо.„Босилокот на Изабета“, во: Џовани Бокачо, Декамерон. Скопје: Македонска книга и Мисла, 1988, стр. 101-104.
Поврзано Босилек (род) (Ocimum)
Наводи
Надворешни врски
Како да се одгледува босилек — информации околу садењето и огледувањето на босилек Gernot Katzer's Spice Pages — кулинарската употреба на босилекот во европските и азиските кујни Болести на босилекот и борба против нив
Категорија:Усноцветни Категорија:Билки Категорија:Зачини Категорија:Лековити растенија Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј