thumb|right|300px|Лазањи печени во рерна thumb|right|300px|Порција печени лазањи Лазањите (итал. lasagne) се карактеристично италијанско јадење, особено застапено во италијанските региони Емилија-Ромања и Марке, односно во целата Централна Италија. Лазањите се јадат низ целиот свет и се еден вид на синоним за италијанската кујна.

Лазањите имаат правоаголна или квадратна форма и се употребуваат пред сѐ за печени јадења во рерна.

Подготвување Најраспространетата рецепта и воедно наједноставна, предвидува како додаток на лазањите сос рагу, бешамел и пармезан. Во поново време е воведена употребата и на сирењето моцарела и многу често, наместо обичните лазањи направени од јајца, се употребуваат лазањи со зелена боја кои се направени со додавање на спанаќ.

Исто така мошне распространети се и белите варијанти на лазањи кои како додаток често имаат печурки. thumb|left|300px|Печени лазањи Регионални варијанти Во Тоскана таканаречените lasagne bastarde или lasagne matte („луди лазањи“) од Луниџана, се произведуваат со додавање на брашно од костени покрај она од пченица, со различна процентуална застапеност која може да варира од 20% до 60%.

Во Северна Италија терминот лазањи исто така може да означува долги и широки (околу 2 cm) правоаголни тестенини направени со јајце и кои треба речиси секогаш да се јадат суви, поретко во чорби.

Надворешни врски Лазања со месен појадок - Рецепт на Екран + Рецепти за подготвување на лазањи Рецепти за подготвување на лазањи Како да се направат лазањи - Видео рецепт Лазања со зеленчук - Рецепт на македонски форум Traditional lasagna recipe

Категорија:Храна Категорија:Кулинарство Категорија:Италијанска кујна Категорија:Италијански зборови Категорија:Зборови што ги нема во ТРМЈ Категорија:Јадења од тестенини Категорија:Јадења од сирење