Роналдо де Азис Мореира (англиски: Ronaldo de Assis Moreira) (роден (роден на ), познат како Роналдињо — бразилски фудбалер кој последниот негов ангажман беше во тимот на бразилскот Флуминезе. Од септември 2016 година тој е официјално амбасадор на неговиот поранешен клуб Барселона.

Роналдињо на португалски значи "мал роналдо". Ова име Гаучо го избрал само за да се разликува од "стариот" Роналдо Де Лима.

Барселона Дојде во тимот на Барселона во 2003-тата година од екипата на Париз Сент Жермен кога имаше само 23 години. Тогашен тренер на Барселона беше Франк Рајкард кој направи одличен избор со доведувањето на Бразилецот во своите редови. Заедно Самуел Ето, беа одличен тандем кој во 2005-тата година постигна 32 гола и ја освоија Лигата на Шампионите.

Милан Во Милан се досели на 16 јуни 2008 каде што потпиша договор до 2012 година. Бидејќи бројот 10 беше на дресот на Кларенс Сидорф, Роналдињо го избра бројот 80 бидејќи 1980 е година на неговото раѓање. По првиот натпревар во дресот на Милан, иако не постигна гол, сите беа сведоци дека влегува во одлична форма и дека не заборавил да игра фудбал. Тоа и го покажа на следните натпревари а особено се истакна во натпреварот со Интер кога постигна фантастичен гол со глава и им донесе победа на "Росоњерите" од 1:0 на 28 септември 2008. Наводи

Категорија:Фудбалери на ФК Париз Сен Жермен Категорија:Фудбалери на Милан Категорија:Фудбалери на ФК Барселона Категорија:Бразилски фудбалери Категорија:Живи луѓе Категорија:ФИФА 100 Категорија:Фудбалери од Примера Дивисион (Мексико)