Јован Павле II (), роден како Карол Јузеф Војтила () — 264. папа на римокатоличката црква и владетел на Ватикан во текот на 27 годиниСите папи досега: целосен список на The Guardian.

Поет и полиглот, како и аматерски актер, драматург и учител. Филозоф на историјата, феноменолог, мистик и претставник на христијанскиот персонализам.

На 16 октомври 1978 година бил избран за папа, на второто собрание на кардинали, по смртта на Јован Павле I, кој починал по триесет и три дена од неговиот понтификат. Го сменил своето име во Јован Павле за да му оддаде чест на својот претходник. Неговиот избор за Престолот во Рим имашло посебно влијание врз настаните во Источна Европа и Азија во 1980-тите и 1990-тите, особено врз демократските промени во Полска и другите земји од источниот блок. Од почетокот на неговиот понтификат, тој преземал силни акции против комунизмот и политичкото угнетување.

Главната цел на неговото папство била да се трансформира и промени позицијата на Католичката црква, тој сакал „да ја стави својата црква во срцето на новиот верски сојуз кој ќе ги соедини евреите, муслиманите и христијаните во голема верска сплотеност“. Тој придонел за подобрување на односот на Католичката црква со јудаизмот, исламот, православната црква и Англиканската заедница . Бил еден од најпатуваните светски лидери во историјата, посетувајќи 129 земји за време на неговиот понтификат, што било толкувано како желба за градење односи меѓу различни нации и религии.

Во своето учење за црквата, покренувал за прашања како што се одржување на целибатот, осуда на механичка, хемиска и хормонална контрацепција, се спротивставил на абортусот и евтаназијата, го поддржувал ставот на Црквата за правото на живот и спречување на жените да ракополагаат, за што беше критикуван од некои, и иако ги поддржа реформите на Ватиканскиот совет II, бил сметан за конзервативен во неговото толкување на овие реформи . Се борел против ослободителната теологија, го жигосувал и незаузданиот капитализам и потрошуваштвото, иако често ја прокламирал супериорноста на пазарната економија над национализираната.

Јован Павле II за светци прогласил 483 луѓе, а како блажени прогласил 1.340, што е повеќе од сите негови претходници во претходните пет века. Тој назначил поголем дел од Колеџот на кардиналите, осветил или соосветил многу епископи и ракополагал многу свештеници. Тој бил третиот папа со најдолг стаж во историјата, по св. Петар (30-67) и Пиј IX (1846-1878), првиот папа од Полска и првиот надвор од Италија по холандскиот папа Адријан VI (1522-1523).

Починал на 2 април 2005 година. На погребната церемонија учествувале делегации од над 150 земји, а во Полска била прогласена шестдневна национална жалост. Процесот за канонизација започнал еден месец по неговата смрт, со исклучок на традиционалниот период на чекање од пет години. На 19 декември 2009 година, тој бил прогласен за преподобен Божји слуга од неговиот наследник, Бенедикт XVI, а бил и прогласен за блажен на 1 мај 2011 година, денот на Милостива недела, откако Дикастерија за Причините за Светците му го припиша чудото на исцелување. Второто чудо било одобрено на 2 јули 2013 година и потврдено од папата Францис три дена подоцна. На 27 април 2014 година (повторно Милостива недела), тој бил прогласен за светец заедно со папата Јован XXIII. Овој настан влезе во историјата на Црквата поради канонизацијата на двајца папи во присуство на двајца римски бискупи - актуелниот Францис и пензионираниот Бенедикт XVI .

Биографија

Детство и младост thumb|upright|Свадбениот портрет на родителите на Јован Павле II, Емилија и Карол Војтила.|left Роден е во Вадовице во близина на Краков на 18 мај 1920 година како втор син и најмлад од трите деца на пензионираниот поручник Карол Војтила и Емилија (моминско Качоровска). Семејството Војтила потекнува од Чаниец во близина на Кети и Липник. Семејството Качоровски потекнува од Михалов во близина на Шчебрзешин.

Семејството Војтила живеело скромно. Единствен извор на приход била платата на неговиот татко - воен службеник во штабот за надополнување на округот со чин поручник. Мајка му повремено работела време како шивачка. Едмунд Војтила, братот на Карол, по завршувањето на средното училиште во Вадовице, студирал медицина во Краков и станал доктор.

Во детството, Карол бил талентирано и атлетско момче. Редовно играл фудбал и често скијал. Патувањата и прошетките низ Вадовице и родниот крај заедно со татко му биле многу важен елемент од неговиот животот.

Неговата рана адолесценција била обележана со смртта на најблиските. Кога имал 9 години, починала мајка му (13 април 1929 година). Три години подоцна, на 5 декември 1932 година, на 26-годишна возраст, починал неговиот брат Едмунд од болеста шарлах.

Од септември 1930 година, по положувањето на приемните испити, Карол Војтила започнал да учи во 8-годишната државна машка гимназија „Мартин Вадовита" во Вадовице.

За време на средното училиште, Карол се заинтересирал за театарот и настапувал во претставите на Театарскиот клуб предводен од професори по полски јазик од средните училишта во Вадовице.

Период на студии На 14 мај 1938 година завршил гимназија, положувајќи матура со одлична оценка, што му овозможило да студира на повеќето универзитети без приемен испит. Карол Војтила избра да студира полски јазик на Филозофскиот факултет на Јагелонскиот универзитет. Студиите ги започнал во октомври 1938 година. Уште за време на првата година на студии со татко му се преселил во семејниот дом на мајка му на ул. Тиниецка бр.10 во Краков. Останал верен на својата страст кон фудбалот и често присуствувал на натпреварите на Краковија.

На 18 февруари 1941 година, неговиот татко починал по долго боледување. Во 1942 и 1943 година, како претставник на академската заедница во Краков, отишол во Ченстохова да ги обнови заветите на Јасна Гора.

Војната му ја одзела можноста на Војтила да ги продолжи студиите, па во 1940 година почнал да работи како физички работник во хемиската фабрика Солвеј.

Есента 1941 година, заедно со своите пријатели, го основал театарот Рапсодија, кој ја поставил својата прва претстава на 1 ноември 1941 година. Сепак Карол набрзо се разделил со театарот во 1942 година, кога решил да студира теологија и се запишал на тајната Митрополитска семинарија во Краков. Во периодот од април 1945 до август 1946 година работел на универзитетот како асистент и држел предавања за историјата на догмата. Неговиот магистерски труд Концептот на средствата за соединување на душата со Бога во учењето на св. Јован го пишува на Теолошкиот факултет на Јагелонскиот универзитет под раководство на о. проф. Игнаци Ружицки.

Свештенослужителски чин На 13 октомври 1946 година, студентот на Митрополитската семинарија во Краков, Карол Војтила, станал ипоѓакон, а една недела подоцна и ѓакон. На 1 ноември 1946 година, во капелата во Палатата на архиепископите во Краков, кардиналот Адам Стефан Сапиеха го ракоположи Карол Војтила за свештеник.

На 15 ноември, Карол Војтила, заедно со семинарот Станислав Старовиејски, преку Париз заминуваат за Рим, за да ги продолжат студиите на Папскиот меѓународен Athenaeum Angelicum (сега Папски универзитет на Свети Тома Аквински (Angelicum) во Рим .

Во јули 1948 година, Војтила бил испратен да работи во парохијата на Успение на Пресвета Богородица во Ниегович, каде што ги исполнувал задачите на викар и наставик по религија.

Во 1951 година, по смртта на кардиналот Адам Сапиеха, бил испратен на одмор за да ја заврши својата хабилитација. Посветил многу внимание и на новинарската работа, а пишувал и филозофски есеи (на пр. Томистички Персонализам - за Тома Аквински, За хуманизмот на Свети Јован).

Во врска со неговата хабилитација, тој преземал систематски студии за етичката мисла на феноменологот Макс Шелер, чии списи ги прочитал во оригинал. На 12 декември 1953 година, неговото дело „Проценка на можноста за засновање на христијанската етика врз претпоставките на системот на Макс Шелер" било едногласно прифатено од Советот на Теолошкиот факултет на Јагелонскиот универзитет, но сепак не ја добил хабилитација поради одбивањето на Министерството за образование.

Пишувал многу за христијанската етика. Во 1960 година ја објавил книгата „Љубов и одговорност" во издавачката куќа на Научното друштво на Католичкиот универзитет во Лублин. Таа била резултат на неговите студии и разговори со студенти и млади парови.

Подоцна се вратил на прекинатите обврски и држел предавања во семинариите на епархиите Краков, Катовице и Ченстохова (сите сместени во близина на Краков) и на Филозофскиот факултет на Католичкиот универзитет во Лублин. Неговите предавања ја опфаќале главно моралната теологија и брачната етика, но се занимавал и со историја на филозофијата.

Бискуп (Епископ) Карол Војтила на 4 јули 1958 година Војтила бил назначен за титуларен епископ на Омбрија, како и за помошен епископ на Краков. На 28 септември 1958 година во катедралата Вавел од архиепископот Евгениј Базиак бил осветен за епископ. Соосветители биле епископите Францишек Јоп и Болеслав Коминек. Периодот на епископството на Карол Војтила се совпаѓа и со седниците на Вториот ватикански собор, на кои тој активно учествувал. Во тој периој тој посветил многу време на патувања во странство за евангелистички и религиозни цели, а во 1963 година отишол на аџилак во Светата земја.

Како епископ го усвоил, според обичајот, мотото на својата служба, кое било: Totus Tuus (латински: Само Твој). Ова мото било упатено до Мајката Христова. Во својата книга „Трактат за вистинската посветеност на Пресвета Богородица", Војтила го прифаќа концептот на „духовно ропство“, сфатено како доброволно, доверливо и целосно предавање на животот на вера и служба во Црквата на духовното мајчинство на Мајката Божја.

Учествувал на сите четири седници на Вториот ватикански собор.

На 30 декември 1963 година бил назначен за митрополит архиепископ во Краков (18 јануари 1964 година бил издаден релевантен папски документ), на 19 јануари 1964 година (една и пол година по смртта на неговиот претходник, архиепископот Евгениј Базиак) бил преконизиран митрополит архиепископ на Краков, а на 8 март 1964 година, се одржало влегувањето во катедралата на Вавел

Кардинал На 29 мај 1967 година бил назначен за кардинал, а на 26 или 28 јуни 1967 година, за време на конзизориум во Систинската капела, добил црвена бирета од папата Павле VI, а неговата титуларна црква станала црквата Сан Цезарео во Палацио.

Уште како епископ на епархијата Краков, тој ги посетил парохиите и манастирите (вклучувајќи го и редот Албертин, основан од Свети брат Алберт). Во 1965 година, тој го отворил процесот на беатификација на сестра Фаустина Ковалска, чиј Дневник и пораката за Божествената милост претходно ја прочитал. Имал средби со краковската интелигенција, особено со научната и уметничката заедница.

Војтила созреал како мислител, посегнувајќи по обемната филозофска традиција (грчка класична етика, св. Тома Аквински, феноменологија), но и Библијата и мистицизмот, хармонично градејки концепт и од филозофијата и од теологијата на човекот како интегрална личност. Човекот е сместен во светот како физичко и духовно битие, отворено за трансцендентност, а Бог му дал достоинство и слобода. На овој начин, Карол Војтила станал извонреден претставник на персонализмот. Во филозофијата, тој го претставувал феноменологизирачкиот неотомизам. Своите ставови ги користел и изнесувал и во својата пастирска работа.

Станал познат авторитет и надвор од Полска. Покрај полскиот примат, кардинал Стефан Вишински, бил најважната фигура на тогашната полска епископија.

Изборот на папа По ненадејната смрт на Јован Павле I на 14 октомври 1978 година, во Сикстинската капела започнала конклава, на која присуствувале 111 кардинали. Меѓу папабилите (можен наследник на папата) биле назначени Giuseppe Siri и Giovanni Benelli. Но, тие не го добиле потребниот број од 75 гласови. Во ваков случај дополнително биле назначени и неиталијанци, на пр. Јоханес Вилебрандс и Едуардо Франциско Пиронио.