Обичното оригано или див мајорам (науч.: Origanum vulgare) — вид на оригано кој потекнува од Европа (нејзиниот средоземен дел) и од јужна и средна Азија. Тоа е повеќегодишно растение кое расте 20 до 80 cm во височина, со наспрамни листови долги од 1 до 4 cm. Цветовите се розови, долги 3–4 mm и се издигнуваат од исправени боцки. Името на овој вид доаѓа од грчкиот збор origanon - со значење планина.

left|thumb|Обично оригано кое расте на поле. Подвидовите на Origanum vulgare се важни хранливи растенија. Тие најчесто се користат во грчката и италијанско-американската кујна. Листовите се користат во готвењето, а исушената билка како зачин.

Обичното оригано често се користи во доматните сосови. Заедно со босилекот, придонесува за исклучителниот карактер на многу италијански јадења (како пицата, на пример).

Сличните видови Origanum onites (Грција, Мала Азија) и O. heracleoticum (Италија, Балкански Полуостров, Западна Азија) имаат сличен вкус и миризба. Близок сродник на ова растение е мајоранот, но неговиот вкус е мошне поразличен.

Други растенија кои се наречени „оригано“ Coleus amboinicus, Кубанско оригано Lippia graveolens, Мексиканско оригано Hedeoma patens, Мало оригано Poliomintha longiflora, Рузмариново нане.

Надворешни врски

Flora Europaea: Origanum vulgare Origanum vulgare

Категорија:Усноцветни Категорија:Лековити растенија Категорија:Растенија опишани во 1753 година Категорија:Флора на Европа Категорија:Флора на Македонија