Џамијата Шабанџи Меркез (турски: Sabancı Merkez Camii) се наоѓа во Адана, Турција и е една од најголоемите џамии во Турција. Надворешноста на џамија приликува на Султан Ахмедовата џамија („Сина џамија“) во Истанбул, додека пак внатрешната декорација е слична на Селимовата џамија во Едрене.

Историја

Џамијата Шабанџи Меркез била целосно отворена во 1998 година. Таа е изградена на вкупно 52.600 квадратни метри земјиште и има затворена површина од 6.600 квадратни метри.

Џамијата била изградена заеднички од страна на Турската религиозна фондација и фондацијата Шабанџи Меркез. Сопственоста на џамија е во рацете на Аданската религиозна фондацијата и муфтијата на џамијата.

Џамијата Шабанџи Меркез била изградена на пресекот на главните артерии, железнички линии и патишта кои ја поврзуваат Адана со околните градови и региони. Џамијата е речиси симбол на градот, каде своите високи минариња се видливи од речиси сите страни во градот. Џамијата, која има капацитет од 28.500 луѓе, е симбол како една од најголемите џамии на Балканот и Блискиот Исток.

Џамијата се наоѓа на бреговите на реката Сејхан. Таа има т.н. величествена структура со 6 минариња. Постојат осум столбови кои лежат на главната купола, која пак има пречник од 32 метри. Висината на главната купола е 54 метри од подот. Четирите минариња, кои се во непосредна близина на главната зграда, се високи 99 метри, а другите две минариња кои се со полузатворен трем се високи 75 метри.

Во џамијата постои комплекс којшто вклучува 4 училници, 10 итикаф соби, соби на имамот и муезинот, фонтана итн. Целата калиграфска уметност во џамијата му припаѓа на Хусеин Култу.

Галерија

Поврзано Исламска архитектура Список на џамии Список на најпознати џамии во Турција Османлиска архитектура Ислам во Турција

Наводи

Категорија:Џамии во Адана Категорија:Турска архитектура Категорија:Адана Категорија:Исламска архитектура