Џамијата Зејрек (турски: Molla Zeyrek Camii) - џамија која се наоѓа во стариот дел на Истанбул, Турција. Овој објект во времето на Византија претставувал комплекс од две цркви и една капела, и денес претставува типичен пример за византиската архитектура од средниот период на Цариград. Во времето кога бил изграден, комплексот бил втор по големина како градба во Цариград, веднаш по Аја Софија. Таа била изградена во периодот од 1118-1124 година како црква „Свети Седржител“.
Место
Комплексот се наоѓа во Фазилет, Фатих. На помалку од километар на југоисток од џамијата се наоѓа џамија Ески Имарет.
Историја Византиски период
Црквата била изградена во периодот од 1118-1124 година како црква „Христос Седржител“ во времето на Ирина КомнинаKrautheimer (1986), p. 409. Манастирот се состоел од главната цркваOusterhout (2001), p. 133, библиотека и болницаGülersoy (1976), p. 213. По смртта на неговата сопруга во 1124, императорот Јован II Комнин изградил уште една црква во северниот дел на комплексот, и храмот бил посветен на Пресвета Богородица Елеуса. Во следниот период била додадена капела која станала место каде биле погребувани дел од членовите на династијата Палеолози, како императорот Јован II и неговата сопруга Ирена.
За време на Латинско Царство по Четвртата крстоносна војна, комплексот паднал под венецијанска властVan Millingen (1912), p. 227. Манастирот се користел и како резиденција на последниот латински император Болдвин. По реставрација на Византија, црквата повторно станала дом за православните монаси, со капацитет од 700 монаси. Еден од најпознатите монаси кои живееле овде бил Генадиј II, кој го напуштил манастирот и станал првиот цариградски патријарх кој застанал на таа функција по исламското освојување на градот во 1453 годинаVan Millingen (1912), p. 232.
Османлиски период thumb|250px|Внатрешноста на џамијата По падот на градот објектот бил претворен во џамија, додека манастирот во медресаEyice (1955), p. 58. Османлиите ја именувале џамијата според Мола Зејрек, научник кој работел во медресата. По завршувањето на медресата во Фатих џамија во 1471 година, учениците ја напуштиле џамијата ЗејрекAhunbay (2001), p. 118.
Објектот неколку години бил напуштен и како резултат на тоа бил додаден во списокот на загрозени споменици на УНЕСКО.
Галерија
Наводи
Литература
Надворешни врски
Byzantium 1200 |Манастир Христос Седржител
Категорија:Џамии во Фатих Категорија:Цркви и манастири во Цариград Категорија:Архитектура од 12 век Категорија:Претворени цркви во џамии во Истанбул