thumb|Индискиот национален амблем
Само вистината победува (санскрит: सत्यमेव जयते; сатјам ева џајате) е национално мото на Индија. Напишано е на писмото деванагари и се наоѓа на основата на националниот симбол (на сликата). Потеклото на мотото е од познатата мантра 3.1.6 на Мундака Упанишадата . Следи целата мантра.
сатјамева џајате нанритам сатјена панта витато девајана јена крамантјаришајо хијаптакама јатра тат сатјасја парамам ниданам
Што значи:
Само вистината победува, не лагата. Низ вистината во Божествениот пат да се распространи по кој победата, чии желби се во потполност исполнети, допира до местото, каде е врховното богатство на вистината.
M. A. Мехендале во неговата "Satyam Eva Jayate Nānṛtam" го оспорува ова толкување и дава други толкувања засновани на други анализи на упанишадата и користењето на санскрит.
Мотото на Чешката Република како наследник на Чехословачка, „Pravda vítězí“ („вистината преовладува“) има слично значење.
Наводи
Категорија:Национални гесла Категорија:Санскритски зборови и изрази