Емануел Сведенборг (швед. Emanuel Swedenborg), (роден како Емануел Сведберг; 8 февруари 168829 јануари според јулијанскиот календар. Според грегоријанскиот календар, тоа е 8 февруари–29 март 1772) — шведски научник, филозоф, мистикНаречен е мистик во многу извори, вклучувајќи ја и семрежната верзија на Енциклопедија Британика, Swedenborg, Emanuel, како и во „Енциклопедија на религиите“, издание од 1987''. и теолог. Тој е инспиратор на сведенборгијанство, кое се смета за ерес од останатите цркви.

Сведенборг имал плодна кариера како пронаоѓач и научник. На педесет и шестгодишна возраст, ја започнал својата духовна фаза, во која имал чудни соништа и визии. Ова кулминирало со духовно будење, а самиот изјавил дека е одреден од Бога да ја напише небесната доктрина за реформа на христијанството. Тврдел дека Господ му ги отворил очите, и дека од тогаш слободно можел да оди во рајот и пеколот, и да разговара со ангели, демони, и други духови. Во последните 28 години од својот живот, напишал и објавил 18 теолошки трудови, од кои најпознато е делото „Рај и пекол“ (1758),Bergquist, Preface (p. 15-16) како и неколку необјавени теолошки трудови.

Сведенборг го отфрлил општото објаснување за тројството како за три личности, за кое рекол дека не е учење што потекнува во раното христијанство. Наместо тоа, во своите теолошки записи објаснил дека Светото тројство е една личност, во еден Бог, Господ Исус Христос. Тој исто така ја отфрлил доктрината за спасение само преку вербата, сметајќи дека за спасение се потребни и вера и милосрдноста, а не едното без другото. Целта на вербата, според Сведенборг, е да го води човекот низ животот преку вистините, во кои спаѓа милосрдноста.

Сведенборг избвршил влијание врз повеќемина писатели, меѓу кои: Вилијам Блејк, Елизабет Барет Браунинг, Аугуст Стриндберг, Ралф Валдо Емерсон, Шарл Бодлер, Балзак, Вилијам Батлер Јејтс и Карл Јунг.

Но, еден од најистакнатите шведски автори, Јохан Хенрик Келгрен го нарекувал Сведенборг „будала“.Јохан Хенрик Келгрен и неговата често цитирана сатирична поема, насловена како Man äger ej snille för det man är galen („Не си генијален само затоа што си луд“) во 1787 г. Вид.: Jonsson, Inge, Swedenborg och Linné, in Delblanc & Lönnroth (1999). Во Шведска, во 1768 година се одржало судење за ерес против записите на Сведенборг, и против двајца кои ги промовирале неговите идеи. Со кралски декрет во 1770 година е прогласено дека делата на Сведенборг се „чиста заблуда“ и дека не треба да се учат, иако неговиот систем на теолошките мисли не е прегледан.Jonsson, Inge, Swedenborg och Linné, in Delblanc & Lönnroth (1999), pp.453-463

Наводи

Категорија:Починати на 29 март Категорија:Шведски теолози Категорија:Шведски филозофи Категорија:Филозофи од 18 век Категорија:Христијански мистици Категорија:Западни мистици Категорија:Спиритуални писатели Категорија:Родени во 1688 година Категорија:Починати во 1772 година Категорија:Членови на Кралската шведска академија на науките Категорија:Луѓе од Стокхолм Категорија:Лутеранци Категорија:Апсолвенти на Упсалскиот универзитет Категорија:Просветителски филозофи