Motörhead (се чита: Моторхед) се анлиска рок група формирана во 1975 година од басистот, пејач и текстописец Јан Фрејзер Килмистер, познат главно по неговото уметничко име Леми, кој остана единствениот постојан член. Бендот често е нарекуван прв или еден од првите членови на новиот бран на Британскиот хеви метал, кој го реенергизира хеви металот кон крајот на седумдесеттите и почетокот на осумдесеттите година. Обично моќното трио, Моторхед имаше значителен успех во почетокот на осумдесеттите години со повеќе успешни синглови на топ-списокот на најдобрите 40 во Велика Британија. Албумите „Претерување“, „Бомбаш“, „Кец лист“ и особено „Нема спиење до Хамерсмит“, ја зацементира репутацијата на Моторхед како еден од првите рок бендови од Британија. Моторхед се типично класифицирани како хеви метал, и вметнувањето на елементи од панк-рокот во жанрот им помогна да бидат пионери на спид металот и треш металот. Стилот на Моторхед остана ист низ целата кариера на бендот, претпочитајќи да свират, во што уживаат и најдобро го прават тоа; нивното ценење на стариот рокенрол рефлектира во некои од нивните повремени преработки. Текстовите на Моторхед опфаќаат теми како што се војна, доброто наспроти злото, злоупотребата на моќта, мешан секс, злоупотреба на супстанции, и најпознато, коцкање. Името „Моторхед“ се однесува на корисниците на дрогата амфетамин. Карактеристичното лого на бендот, долгунестото лице на череп, со зголемени рогови од крмак, синџири и боцки, беше создадено од уметникот Џо Петањо во 1977 година за омотот на албумот „Моторхед“ и се најде во голем број варијации на омотите на наредните албуми. Логото е наречено „Прасе на војната“ и „Остар заб“. Бендот е рангиран на 26 место на „Најдобрите изведувачи на хард рок“ на ВиЕјчУан.
Историја
1975-1977 – Раните години – албумот „Моторхед“
Леми беше отпуштен од Хоквинд во мај 1975 година, поради, како што тој вели, „земање на погрешни дроги“. Беше уапсен под сомнеж дека поседува кокаин на канадската граница и помина пет дена во затвор, што предизвика бендот да откаже некои настапи во Северна Америка. Потоа сам, Леми реши да направи нов бенд под името Моторхед, инспириран од последната песна што ја имаше напишано за Хоквинд. Целта на Леми беше, како што изјави: „да се концентрира на музиката: гласна, брза, градска, арогантна, параноична, рокенрол зависен од брзина... ќе биде толку гласна што ако се преместиме во соседната куќа до вас, вашата жива ограда ќе умре“. На препорака од Мик Фарен, тој ги регрутира Лери Волас (од Пинк Ферис) на електрична гитара и Лукас Фокс на тапани. Според Леми, првата проба на бендот беше во продавница за мебел во Челзи, Англија во 1975 година. Килмистер има речено дека тие крадеа музичка опрема, бидејќи немаа доволно. Нивниот прв ангажман беше како поддршка за Гринслејд во Роудхаус, Лондон, на 20 јули 1975 година. На 19 октомври, со 10 отсвирени настапи, тие беа предгрупа на Блу ајстер калт на Хамерсмит Одеон. Бендот потпиша договор со Јунајтед артистс на Ендру Лодер, човекот со кој работеше Леми во претходниот бенд, Хоквинд. Тие ги снимија првите сесии во студијата на Рокфилд во Монмут со продуцентот Дејв Едмундс. На тие сесии Фокс покажа дека не е способен за бендот и го заменија со тапанарот Фил „Филти енимал“ Тејлор, близок познаник на Леми. Нивната продуцентска куќа не беше задоволна со материјалот и одби да го издаде, иако тој беше потоа издаден како „На условно“ во 1979 година, по што бендот доживеа успех. Во февруари 1976 година, откако одлучи дека им требаат двајца гитаристи, бендот организира аудиција за „Брзиот“ Еди Кларк. Волас, кој продолжи да оди на турнеја со повторно обединетите Пинк Ферис, се откажа после аудицијата и Кларк остана единствен гитарист. Ова трио, Леми – Кларк – Тејлор денес се смета за „класичната“ постава на Моторхед. Во декември, бендот го сними синглот „Leaving Here“ за Стиф рекордс, но Јунајтед артистс интервенираа за да го спречат издавањето бидејќи бендот беше сè уште во договор со нив, и покрај одбивањето да го издадат нивниот деби-албум. Првичните реакции на бендот беа негативни; во музичкото списание NME беа наречени „најдобриот најлош бенд на светот“. До април 1977 година, бидејќи седеа со скрстени раце и имаа малку публицитет, Тејлор и Кларк сакаа да се откажат, и по една кратка дебата, бендот се согласи да направи проштален концерт во клубот Марки во Лондон. Леми го запознаа со Тед Керол од „Чизик рекордс“ на кој му рече да донесе преносливо студио на настапот за да го сними за спомен. Керол не можеше да најде, но после шоуто отиде зад сцената и им понуди два дена во студиото на Ескејп за да снимат сингл со продуцентот Спиди Кин. Бендот ја прифати понудата, и наместо сингл тие снимија 11 недовршени песни. Керол им даде уште неколку дена во студијата Олимпик за да ги завршат вокалите и бендот доврши 13 песни за издавање како албум. Во јуни, Чизик го издаде синглот „Моторхед“, проследен со албумот „Моторхед“, во август, кој остана една недела на 43 место на британската топ-список на албуми . Бендот отиде на турнеја во Велика Британија заедно со Хоквинд во јуни, и потоа кон крајот на јули тие ја започнаа турнејата „Beyond the Threshold of Pain“ со Д Каунт бишопс. Во август, Тони Секунда го презеде менаџирањето на бендот и тие не можеа повеќе да седат повеќе време заедно, така што Кларк и Тејлор ја имаа формирано групата Д Магрс со Спиди Кин и Били Рат.
1978-1979 година – Патот до успех: „Претерување“ и „Бомбаш“
Во јули 1978 година, бендот се врати на менаџментот на Даглас Смит, кој договори снимање на еден сингл со Бронз рекордс. Синглот кој се сними, „Louie Louie“, беше издаден во септември достигнувајќи до 68 место на топ-списокот на најдобри синглови во Велика Британија, и бендот тргна на турнеја во Велика Британија за да го промовира, сними сесија на радио BBC 1 John Peel на 18 септември (овие песни беа подоцна издадени на албумот BBC сесии во живо) и се за првпат се појавија на телевизијата BBC на Top of the Pops на 25 октомври. Чизик капитулира со ново ниво на успех со тоа што повторно го издаде деби – албумот „Моторхед“ на бел винил со ЕМИ рекордс. Успехот на синглот достигна до бронза, продолжувајќи го нивниот договор, и повторно го однесе бендот во студио за да сними албум, овој пат продуцирант од Џими Милер во Раундхаус студијата. Претстава за тоа што бендот сними на албумот се доби на 9 март 1979 година кога бендот ја отсвири „Overkill“ на Top of the Pops за да го поддржи издавањето на синглот за албумот „Претерување“, кој беше издаден на 24 март. Тоа беше првиот албум на Моторхед кој се искачи на топ 40 на Британскиот список на најдобри албуми, на 24 место, а синглот достигна до 39 место на топ-списокот на најдобри синглови во Велика Британија. После овие изданија следуваше турнејата во Велика Британија „Претерување“ која започна на 23 март. Потоа, во јуни, тие издадоа сингл кој ја спари песната „No Class“ на страната А со претходно неиздадената песна „Like a Nightmare“ на страната Б. Не доживеа поголем успех од албумот и синглот но достигна до 61 на топ-списокот на најдобри синглови во Велика Британија. Во текот на јули и август, освен за паузата со фестивалот во Ридинг, бендот работеше на нивниот следен албум „Бомбаш“. Издаден на 27 октомври, тој се најде на 12 место на топ-списокот на најдобри албуми во Велика Британија. На 1 декември тој беше проследен со синглот „Bomber“, кој достигна до 34 место на топ-списокот на најдобри синглови во Велика Британија. Следуваше европската и британската турнеја „Бомбаш“, со Саксон како предгрупа. Во текот на турнејата „Бомбаш“, Јунајтед артистс снимија касети од сесиите во студијата Рокфилд во 1975-1976 година и ги издадоа како албумот „На условно“, кој во декември стигна до 65 место на топ-списокот на најдобри албуми во Велика Британија. На 8 мај 1980 година, додека бендот беше на европска турнеја, Бронз го издадоа „Златните години“, кој се продаде најмногу од сите нивни претходни изданија, достигнувајќи до осмо место на топ-списокот на синглови во Велика Британија. Меѓутоа, бендот сакаше тоа да се вика „Летајќи вечерва“. На 20 август, бендот (40 минути) и Грлскул (20 минути) беа снимени на настапот во живо во театарот Ројал во Нотингам на програмата Рокстејџ, емитуван на британската телевизија ATV, на 4 април 1981 година.
1980-1982 година – „Кец лист“ и „Железна тупаница“
Во текот на август и септември 1980 година, бендот беше во студиото Џексон во Рикменсврт, снимајќи со продуцентот Вик Мејл. Синглот „Ace of Spades“ беше издаден на 27 октомври 1980 година како претходник на албумот „Кец лист“, кој следуваше на 8 ноември. Синглот се искачи на 15 место, а албумот на 4 место на топ-листите во Велика Британија. Бронз го прослави нивниот статус златна плоча со тоа што издадоа ограничено издание од албумот во златен винил. Моторхед настапи двапати на Top of the Pops во октомври таа година со „Ace of Spades“, и меѓу 22 октомври и 29 ноември беа на нивната британска турнеја „Кец во твојот ракав“ со предгрупите Грлскул и Вардис, и исто така настапија како гости на детското шоу на ITV, Тисвас, на 8 ноември. Фотографиите на омотот, во „стилот на пустината во Аризона“, на албумот и на опаковката од турнејата беа направени во текот на една фото-сесија на една песочна дупка во Барнет. „Ace of Spades“, кој се смета за химна на Моторхед, „ги надмина сите на англиските музички топ-листи и им докажа на сите дека еден бенд може да успее без да ги жртвува својата моќ и брзина“. Напоредно со албумот „Кец лист“, Биг Бит, кој го наследи каталогот Чизик, спои четири неискористени песни од сесиите во студијата Ескејп од 1977 година и ги издаде под името „Пивопијци и возвишувачи на пеколот“, кој достигна до 43 место на топ-списокот на синглови во Велика Британија, во ноември. Бендот имаше повеќе хитови на топ-листите во 1981 година, со изданијата: „Масакрот на Свети Валентин“, нивна соработка со Грлскул – која достигна до 5 место на топ-списокот на синглови во Велика Британија во февруари; верзијата во живо на „Моторхед“, која се најде на 6 место на топ-списокот на синглови во Велика Британија во јули; и албумот беше преземен од „Нема спиење до Хамерсмит“, кој се најде на 1 место на топ-списокот на албуми во Велика Британија во јуни. Во текот на март 1981 година, бендот беше на турнеја во Европа, и последната недела од месецот тргнаа на британската турнеја „Кратка остра, болка во вратот“, од која беа снимени песните за „Нема спиење до Хамерсмит.“ Од април, па сè до јули, бендот за првпат отиде на турнеја во Северна Америка како гости за раната инкарнација на бендот на Ози Озборн, турнејата „Blizzard of Ozz“, но сепак можеа да настапат на Top of the Pops на 9 јули за промоција на синглот „Motorhead“. Во октомври, бендот сними песни во студиото на BBC, Мејда Вејл 4 за шоуто на Дејвид Јенсен, на 6 октомври. На 20 ноември, бендот започна турнеја низ Европа, со Тенк како предгрупа, по што Кларк им го продуцираше нивниот деби-албум „Валкани кучиња од Адот“ во студијата Рампорт, во декември и јануари. Помеѓу 26 и 28 јануари 1982 година, бендот започна да го снима нивниот албум, кој самите го продуцираа, во студијата Рампорт, пред да се преместат во студијата Морган за да ги продолжат сесиите во текот на цел февруари. На 3 април беше издаден синглот „Iron Fist“, кој стигна на 29 место на топ-списокот на синглови во Велика Британија, проследен со истоимениот албум „Железна тупаница“, издаден на 17 април и кој се искачи на 6 место на топ-списокот на албуми во Велика Британија. Тие беа последните изданија со поставата Леми, Кларк и Тејлор, иако така продолжија со турнејата „Железна тупаница“ од 17 март до 12 април – првата турнеја низ Северна Америка каде што тие беа хедлајнери од 12 мај до последниот ангажман на Кларк во Паладиумот во Њујорк, на 14 мај.
1982-1984 година – Заминувања од бендот и „Уште еден совршен ден“