Џамијата Гази Хусрев Бег (турски: Gazi Hüsrev Bey Camii) е џамија која се наоѓа во Сараево, Босна и Херцеговина. Овој објект бил изграден во 1530 година, а нејзин архитект е Акем Есир Али кој исто така ја изградил џамијата Јавуз Селим во Истанбул. Нејзиното купе е високо 26 метри, а нејзиното минаре 47 метри.

Во 1898 година, за време на Австроунгарското Царство, Беговата џамија, како скратено ја нарекуваат сараевчани, е прва џамија во светот во која се изработени електрични инсталации како и внатрешно електрично осветлување.

Сместена во срцето на Баш Чаршијата, Беговата џамија е мета на многубројните туристи од цел свет.

Во медиуми

Беговата џамија заедно со саат-кулата е застапена во многу филмови, пред сè во филмови од документарен карактер.

Во филмот Валтер го брани Сараево, впечатлива е 10 минутната престрелка на Пилот (Бата Живоиновиќ), Сури (Слободан Димитриевиќ) и Илегалец (Давор Антолиќ) со германски воен ескадрон кој е во интензивна потрага по Валтер. Престрелката се одвива во влезните одаи, во дворот на џамијата, на саат-кулата и по покривот на џамијата.

Галерија

Наводи

Гази Хусрев Категорија:Отоманско Сараево Гази Хусрев