Американската црна мечка (Ursus americanus) е најраспространетата мечка на териториите на Северна Америка. Ја среќаваме во географската зона која се протега од северот на Канада и Алјаска до северно од Мексико, и од бреговите на Атлантикот до бреговите на Тихиот Океан. Присутна е во голем број американски држави и во сите канадски области. Ова мечка живее во шумите и на планините. Во минатото популацијата на црните мечки изнесувала одприлика 2 милиони единки. Денес, овој вид е заштитен и се проценува дека има помеѓу 500 000 и 750 000 црни мечки на овој континент. Ова животно, кое е помало од Кафеавата и белата мечка, има крзно кое е со темна боја која варира во зависност од регионот во кој ги среќаваме (од црна до бела, преку црвеникава и сребрено сива). Постојат 16 подвида кои ги нарекуваме со името црни мечки. Црните мечки не хибернираат строго како останатите туку се наоѓаат во состојба на длабок сон (сомноленција) и преживуваат благодарејќи на мастите кои ги акумулираат за време на есента. И овој вид како и останатите мечки спаѓа во сештојади, иако во неговата исхрана доминираат растенијата. Црните мечки се одлични пливачи и многу успешно се качуваат на дрвјата за да избегнат опасност. Овие мечки долго време биле ловени поради нивното крзно, а денес се соочуваат со друг проблем – намалување на површините на нивното природно живеалиште.
Физички одлики Црните мечки вообичаено се со должина од 140–200 cm . Нивната тежина зависи од возраста на единката, од полот и од годишното време: во есен, црните мечки се дебелеат за да создадат резерви на масти кои ги користат преку зимата. Женките тежат од 40 до120 кг (во просек 70-80 кг), додека мажјаците тежат помеѓу 115 и 275 кг (во пресек околу 120 кг ). Во Северна Каролина бил пронајден мажјак кој тежел дури 400 кг .
Бојата на крзното варира од црна до бела поминувајќи низ разни нијанси. Чоколадна, кафена, боја на ванила се најчестите бои во шумите во Западна Америка и Канада. На југот на Алјаска и во Британска колумбија живее Кермодовата мечка (наречена мечка-духCatherine et Rémy Marion, Cap sur les ours, Paris, Nathan, 1997, стр. 36), подвид на црната мечка која има кремасто-бела боја. На Алјаска живеат и мечки со сивкасто крзноCatherine et Rémy Marion, Cap sur les ours, Paris, Nathan, 1997, стр. 38. Албино мечки се сретнуваат многу ретко. Некои единки поседуваат бели дамки на вратот или на градите. Густото крзно на овие мечки ги штити од убоди од инсекти и од студените зими.
Црните мечки се способни да се држат исправено и да одат на задните нозе кои се малку подолги (13–18 cmCatherine et Rémy Marion, Cap sur les ours, Paris, Nathan, 1997, стр. 41) од предните. Секоја шепа има 5 прсти со нокти кои им служат кинење, копање и качување по дрвја. Еден удар со шепата е доволен да усмрти елен.
Овој вид на мечки поседуваат мали кафени очи, заоблени уши, долга зашилена муцка со кафеава боја, издолжени ноздри и релативно кратка опашка (8–14 cm). Видот не им е многу остар, но истражувањата покажуваат дека се способни да разликуваат бои. За разлика од видот, слухот и осетот за мирис им се многу поразвиени. Формата на главата и шилестата муцка ги разликуваат од Гризлито кое исто така живее во Северна Америка
Податотека:Dessin comparaison ours.jpg Одлики на Белата, Кафеавата и Црната мечкаA : глава на Бела мечкаB : предна шепаC : задна шепаD : глава на Кафеава мечкаE : предна шепаF : задна шепаG : глава на Американска црна мечкаH : предна шепаI : задна шепа
Живеалиште Црните мечки го зафаќаат просторот од Алјаска до Мексико и од Атлантикот до Тихиот Океан. Иако претпочитаат шуми, можат да се адаптираат на различни клими и природни средини: ги среќаваме во суптропските шуми на југоистокот на САД (Алабама, Флорида...), на високите планини на надморска висина од 900 до 3000 метри, но и во тундрите на Лабрадор. Исто така, живеат и во мешаните шуми во југоисточна Канада и североисток на САД.
На крајот од зимата, црните мечки ги напуштаат нивните скривалишта и тргнуваат во потрага по храна во долините. Колку повеќе се приближува летото, тие се качуваат на повисоки надморски височини . Шумите претставуваат одлично место каде овие мечки се кријат и го избегнуваат силното сонце.
Исхрана Црните мечки се сештојади: растенијата претставуваат 75% од нивната исхрана. Се хранат со тревки, желади и различни плодови (лешници, бобинки, боровинки, шипинки, јаболки...). Исто така се хранат и со инсекти (термити, мравки, пчели, оси ...). Многу ретко се случува да нападнат глодачи или срни. Овој начин на исхрана го надополнуваат со лосос, пастрмка, краби, а исто така се и љубители на медот. Понекогаш се случува да се доближат до населби на човекот за да најдат храна. Се случува да нападнат овци или прасиња доколку не можат да најдат никаква друга храна. Мечките мораат да складираат резерви на масти за да ја преживеат зимата. Во есен, тие дневно конзумираат дури 20 000 калории.
Размножување thumb|250px|Млади мечиња (Ursus americanus)
Женките достигнуваат полова зрелост помеѓу 2 и 9 години, спротивно на мажјаците кај кои половата зрелост е 3 и 4 години. Црните мечки се парат на две до три години, за време на мај и јуни (до месец август за мечките кои живеат во источните шуми). Носењето на малечките трае 6 до 7 месеци. Развитокот на ембрионот започнува 10 недели по оплодувањето, со што се избегнува раѓање на младите во ноемвриCatherine et Rémy Marion, Cap sur les ours, Paris, Nathan, 1997, стр. 16. Младите мечиња се раѓаат во дувлото помеѓу крајот на ноември и февруари. Мечката носи на свет едно или две мечиња. Секое тежи помеѓу 200 и 450 грама (350 грама во просек) и е со големина од 15–20 cm. Младенчињата се раѓаат без крзно, со сини очи и слепи. Се хранат со мајчино млеко, и остануваат во пештерата преку целата зима. Мечките се продуваат во седечка положба.
Кога на пролет ќе излезат од дувлото, младите тежат помеѓу 2 и 5 килограми. Тие прекинуваат да цицаат во 6-8 месец, но остануваат со мајката до возраст од 16 или 17 месеци (понекогаш дури и 29). За тоа време, мајката ги учи да ловат, да бараат храна, но и да се качуваат на дрвјата за да ги избегнат грабливциите.
Мажјаците живеат одвоено и покриваат територии од 50 до 150 km2, опфаќајќи ги териториите на кои живеат женките. Мажјаците не учестуваваат во одгледувањето на младите.
Поведение thumb|250px|Мечките се одлични пливачи И покрај нивната големина, црните мечки се изненадувачко подвижни. Во зависност од сезоната се селат во потрага по храна. Овие мечки лесно се качуваат по дрвјата за да избегнат опасност, благодарение на нивните силни грбни мускули и канџите. Можат да трчаат со брзина од 55 километри на час, но се и одлични пливачи (можат да препливаат езерце за да стигнат до остров).
Црната мечка претежно е самостојно животно, освен во сезоната за парење и во случај на мајка со младенчиња. Мечките може повремено да се групираат во области каде има храна во изобилство.
Најчесто се движат дење, освен во зони каде има луѓе, тогаш ја претпочитаат ноќта за да ги избегнат. Спротивно на глобалното мислење, нападите од црна мечка се многу ретки: само 36 смртни напади се регистрирани за време на целиот 20 век.
Мажаците за време на сезоната за парење комуницираат со гребење на дрвјата со своите канџи. Истиот принцип на гребење но и својот мирис, ги користат за означување на територијата. Овие територии варираат помеѓу 20 и 100 km2, и опфаќаат територија на која живеат повеќе женки.
Во случај на опасност, младенчињата испуштаат крици слични на плачење. Мечките исто така комуницираат и со изрази на лицето и специфични позиции. Тие се исправаат на задните нозе доколку осеќаат опасност или специфичен мирис.
Овој вид на мечки спаѓаат во групата на најинтелигентните цицачи и многу често се дресирани за циркуски изведби. Нивниот мозок е релативно голем во споредба со големината на нивното тело.
Црните мечки ја поминуваат зимата во состојба на длабок сон, што значи дека можат да реагираат доколку се нападнати од некое друго животно. Со намалувањето на денот, тие почнуваат да лачат хормон кој делува како средство за успивање. Срцевиот ритам поминува од 50 на 10 удари во минутаCatherine et Rémy Marion, Cap sur les ours, Paris, Nathan, 1997, стр. 40.. Температурата на телото се намалува на помалку од 31 степен Целзиусов (6,8 степени помалку од телесната температура во летниот период). Тие ја поминуваат целата зима без јадење, пиење, уринирање или дефекација. Овој период на преспивање трае 4 до 7 месеци, помеѓу октомври и мај. Должината зависи од климата: колку зимата е подолга толку се продолжува периодот на сон. Мечката губи до 30 % од тежината за време на зимата.
Опасности Историја thumb|250px|Британската армија Пред пристигнувањето на Европејците, Индијанците ги левеле мечките за време на зимскиот период. Од мечките се снабдувале со месо, маст и крзно. Воините носеле ланчиња од мечкини нокти околу вратот и поради суеверие никогаш не го изговарале иметоCatherine et Rémy Marion, Cap sur les ours, Paris, Nathan, 1997, стр. 39, а ловците морале да побараат прошка пред да убијат мечка. Ова животно го среќаваме на тотемите преку кои му се искажува огромна почит. За време на одредени церемонии бил изведуван и танц на мечките.
На крајот на 17 век, Хадсонс беј компани (Hudson’s bay company) ги поддржувала индијанците да почнат трговија со мечкино крзноCatherine et Rémy Marion, Cap sur les ours, Paris, Nathan, 1997, стр. 21. Црните мечки биле убивани и поради производството на славните капи на британската гарда. Убивањето поради крзното, големата смтрност поради удари од автомобил и ловот се остро критикувани од асоцијацијата за заштита на животните ПЕТА.
Грабливци и смртност Во природата природниот век во просек изнесува 10 години, но некогаш достигнува максимум и до 30 години. Денес се проценува дека има помеѓу 500 000 и 750 000 црни мечки на американскиот континент. Малиот број на потомство и доцната полова зрелост се опасност за опстанокот на видот.
Главните причини за смртноста се судирите со автомобили или ловот. Овие мечки можат да бидат плен на волкот, пумата, рисот, којотот, кафеавите мечки и доколку има недостаток од храна – на мажјаци црни мечки. Младите мечки можат да умрат од глад или од пад од дрво. Младите кои се одвоени предвреме од својата мајка умираат за многу кратко време.
Ловот на црни мечки продолжува и денес, понекогаш само поради трофеј, но и поради нивното месо во Канада и Алјаска. Околу 30 000 црни мечки годишно се убиваат во Северна Америка, но ловот е екстремно регулиран.
Главни паразити кои ги среќаваме кај овој вид се тенијата, глисти и тришела. Тие исто така можат да се разболат од туберкулоза, артритис или бронхо-пневмонијаCatherine et Rémy Marion, Cap sur les ours, Paris, Nathan, 1997, стр. 17. Популациите во западен САД сѐ уште се многубројни, додека на истокот од земјата тие опасно се намалуваат. Последните мечки живеат претежно на планините и во националните паркови и резервати.
Ситуацијата на мечките зависи од подвидот и од регионот во кој живеат. Мечките на Флорида (Ursus americanus floridanus) е класифициран како загрозен вид. Студиум направен во Калифорнија во 1998 проценува дека има помеѓу 17 000 и 23 000 црни мечки во земјата. Оваа популација моментално е стабилна.
Заштита во националните паркови thumb|left Во националниот парк Јосемити во Калифорнија, популацијата на црни мечки е проценета на 300-500 единки « Bears » , официјална страна на паркот. Ренџерите проценуваат дека има околу петнаесетина во Долината на Јосемити, секторот најпосетен од туристите. Црните мечки лесно се привикнуваат на присуството на човекот. Тие може да влезат во кампинзите и во паркираните коли во потрага по храна. Најчестите напади се од мечки кои биле хранети од луѓето. Затоа, денес, постојат многу информациски табли на кои е означено дека строго се забранува хранење на диви животни.
Во Националниот парк Јелоустоун има околу 600 црни мечкиKiki Marmori, Les Ours, Paris, Nathan, 2003, стр. 16.