Маџурска ера
1620-те и -30те: Лигден Кан, последниот монголски голем кан, успеал да создаде нова империја со центррализирање на контролата над неколку монголски племиња. 1632: Лигден се упатил кон Тибет за да ја уништо Жолтата Секта. 1634: Лигден умира кај езерото Кингај. 1636: Повеќе јужни монголски племиња се приклучиле кон Манџурците и се формирала династијата Ќинг. 1640: Занабазар, синот на Тушет Кан е признат како првиот Џебцундамба Хутугту. 1688: судир помеѓу Ѕунгарите од една страна и Тушет Хан и Сецен Хан од друга страна. 1691: Халха и Манџурците се обединиле. 1696: Халха и Манџурците ги презеле владенијата ха Халха. 1756/57: Нереди во Ѕунгарите. почнувајќи околу 1907: Спроведување на нова политика од страна на династијата Ќинг.
Модерна ера 1 декември 1911: Монголија прогласи независност од династијата Ќинг по водство на Богд Хан. 29 декември 1911: Богд Ханатот е прогласен и Богд е назначен за Хан. 1919: Монголија е окупирана од Кина. февруари 1921: Роман Унгерн ги истерува кинеските трупи од Улан Батор и станува монголски диктатор. 13 март 1921: Унгерн прогласува независност на Монголија. 18 март 1921: партизанските трупи предводени од Дамдин Сухбатор го поразил кинескиот гарнизон во монголскиот дел на Кјахта. Пролет-Лето 1921: Дамдин Сухбатор со поддршка на Црвената армија ги поразил воените сили на Унгерн. 26 ноември 1924: По смртта на Богд Хан, се создала Монголската Народна Република во Надворешна Монголија. 1928-1932: Пропаднал обидот за колективизација. 1936: Принц Демчугдонгруб ја формирал монголската воена влада во Внатрешна Монголија за ослободување од Кина. 1937: Монголската Воена Влада се преименува во Монголска Обединета Автономна Влада. 1937-1939: Сталинистичкиот терор довел до 30.000 умрени луѓе во Монголската Народна Република. Мај -16 септември 1939:Судири помеѓу јапонски и советски трупи во Халхин Гол и на границата на Монголија со Манџурија, завршила со пораз на јапонските сили и со договор помеѓу Јапонија и Советскиот Сојуз. 1941: Монголската Обединета Автономна Влада се преименувала во Монголска Автономна Федерација позната како Менџијанг. Август 1945: Монголската Народна Република објавува војна со Јапонија , еден ден после СССР. 6 октомври 1949: Ново основаната Народна Република Кина ја призна Монголија и воспоставува дипломатски односи. доцни 1950-ти: Успешна колективизација. 1961: Транс-Монголска Железница се завршила со градење. Октомври 1961: Монголија стана членка на ООН. 1962: Монголија стана член на COMECON. Август1984: Отказ на Цеденбал. 27 јануари 1987: Се основале дипломатски односи со САД. Декември 1989: Први демонстрации за реформи. јануари 1990: Големи демократски протести се одржуваат. 2 март 1990: Монголските и Советските власти објавуваат дека сите советски трупи ќе бидат повлечени од монголската територија. Мај 1990: Уставот загарантира повеќепартиски систем и демократски избори. 29 јули 1990: Првите демократски избори се одржале. 3 септември 1990: Првиот демократски состав на Големиот Државен Хурал. 13 јануари 1992: Се имплементирал новиот устав. 8 април 1992: Се усвоил нов изборен закон. 28 јуни 1992: Избори за првиот парламентарен состав. Завршува со победа на МНРП. 6 јуни 1993: Првите директни претседателски избори. Победил Пунсалмагин Очирбат. 30 јуни 1996: Избор на првата некомунистичка влада. 1998: убиство на Санџасуренгин Зориг, министер за инфраструктура и еден од водачите во протестите во 1990. 2 јули 2000: Избор на поранешната комунистичка Монголска Народна Револуционерна Партија формирајќи нова влада на чело со Намбарин Енхбајар. 2003: Монголските сили зеле учество во мировни операции во Авганистан, Ирак и Судан.
Поврзано Историја на Монголија
Категорија:Историја на Монголија