Сексуална магија е термин за различни видови сексуални активности кои се користат во магиски или друг вид религиозни и духовни цели.

Основната премиса на сексуалната магија е концептот дека сексуалната енергија или либидото на човечкиот организам е најпотентната негова сила, а контролата на секоја етапа од сексуалната активност нуди посебно доживување на трансцендентноста на обичната реалност.

Двете основни примени на сексуалната магија го користат оргазмот. Некои школи ја користат силата која се ослободува при оргазам. Еден пример на ваков тип на сексуална магија е големиот обред на Вика, ритуал кој вклучува симболичен или вистински секс. Овој спој на Високата свештеничка и Високиот свештеник го претставува спојот помеѓу божицата Девица и богот Љубовник.

Употребата на сексуалната магија Карл Келнер Карл Келнер, основачот на O.T.O., тврдел дека научил техники на сексуална магија од тројца мајстори на оваа уметност.The Magical World of Aleister Crowley, page 78 Почнувајќи од 1904 година, Келнер и О.Т.О. почнале да се појавуваат во германскиот масонски весник „Орифлејм“ (Oriflamme), а изданието од 1912 година пишува:

Алистер Кроули

Алистер Кроули е еден од првите луѓе од поново време кој јавно го бранел практикувањето на сексуалната магија. Тој го отфрлил ставот на викторијанската ера кон сексот, и го шокирал британското општество со вклучување на мастурбација и хомосексуалност во своите магиски техники.Urban, Hugh. ''Unleashing the Beast: Aleister Crowley, Tantra and Sex Magic in Late Victorian England . Ohio State University.

Кроули верувал дека потиснувањето на сексуалниот нагон е основната причина за насилно однесување, како и за другите зла на модерниот свет. Во своите „Исповеди на Алистер Кроули“ запишал дека:

Една од најпознатите ритуали е сексуалната магија која Кроули ја назначил за централен ритуал во О.Т.О., а тоа е комплетно претставување на сексуалната магија во симболична форма. Централната формула на овој ритуал е гностичката формула „ИАО“.

Арнолд Крум-Хелер Германскиот окултист Арнолд Крум-Хелер во своите трудови подучува на сексуална магија без ејакулација.

Самаел Аун Веор

Спиритуалниот окултист и учител, Самаел Аун Веор подучувал на сексуална магија која во принцип содржела полов однос, но без ејакулација било од страна на мажот или на жената. Според него, ова е вистинскиот начин сексуалната енергија да се употреби. Магнетната индукција која се произведува со половиот однос предизвикува месечева, сончева и Акаша струја која минува низ срцето на Брама. При тоа се ослободуваат „билиони атоми“ кои допираат до чистата Акаша.

Тантра јога Сексуалните обреди во Индија потекнуваат од дамна како практична обука за трансформацијата на телесните флуиди.White (2000) Сексуалните обреди е можно да се појавиле како церемонија за иницијација, при што се вели дека иницијантот се претвора во „син на кланот“. Мажот го претставува богот Шива, а жената божицата Шакти.Satyananda.Woodroffe (1959).

Се практикувале неколку вида на сексуални ритуали, при што и двајцата учесници постигнувале единство со свесноста на вселената. Откако тантра јогата станала популарна на Запад, сексуалната магија почнала поретко да се практикува, и преминала во психолошки симболизам.

Поврзано Њу ејџ Тантра

Наводи

Надворешни врски Серија на статии на тема сексуална магија Real Magick: The Occult Library Introduction to Sex Magick by Anja Heij Practicing Sex Magick by Anja Heij Preparations for Sex Magick by Anja Heij An Essay on Sex and Sex Magick: Liber Conjunctus / Liber Two by Nigris Forms of Tantrism by Samael Aun Weor Donald Michael Kraig on Modern Sex Magick

Категорија:Окултизам Категорија:Магија Категорија:Сексуалност

es:Magia#Magia sexual