Прахристијани е термин кој ги означува првите христијани, следбеници на Исус од Назарет кои живееле во периодот на прахристијанството, односно првата генерација христијани составена од апостолите, учениците и ученичките Исусови.
Воедно со овој термин се означуваат себеси следбениците на прахристијанската заедница Универзален живот.
Овој термин го употребувал и Кочо Рацин на некои места во својата книга „Драговитските Богомили„ означувајќи ги со него следбениците на богомилското движење како вистински, изворни христијани.
Категорија:Рано христијанство