Латвиски гамбит — агресивно шаховско отворање, кое настанува со потезите: 1. e4 e5 2. Sf3 f5!?

Ова отворање често води до необични позиции. Ова отворање не е вообичаено за врвните шахисти, но во дописниот шах доста играчи отстапуваат од главните линии, играјќи го ова отворање.Латвискиот гамбит анализиран од шахистите во кореспондирачки шах, Wikichess.

Отворањето, најпшрвин било познато под името Греков контрагамбит, вио чест на италијанскиот шахист Џоакино Греко (1600-1634) кој придонел во теоријата на ова отворање. Новото име Латвиски гамбит официјално било дадено од страна на ФИДЕ на конгрес на организацијата во 1937 г. Името е дадено според латвиските шахисти, особено Карлис Бетинс кој го анализирал отворањето во почетокот на XX век. Отворањето се одликува со потезите од отворањето Кралев гамбит, само со промена на страните.

Наводи

Надворешни врски Prof. Nagesh Havanur, The Latvian Gambit Revisited, Part One , chessville.com. Prof. Nagesh Havanur, The Latvian Gambit Revisited, Part Two , chessville.com. Le gambit letton.

Категорија:Отворање со кралски коњ Категорија:Шаховски отворања