Чукотски автономен округ (руски:Чуко́тский автоно́мный о́круг) е автономен округ во Русија. Претставува автономен округ кој се наоѓа на рускиот далечен исток, и граничи со Република Јакутија на запад, Магаданската област на југозапад, Камчатскиот Крај на југ, а на исток со Беринговиот Проток е одделен од американската држава Алјаска. Анадир е најголем град и административен центар, и најисточна населба во Русија која има градски статус.

мини|лево|Црквата Св. Троица во Анадир Чукотка е населена од Руси, Чукчи, и други домородни народи. Моментално, Чукотка е единствениот автономен округ во Русија кој не е вклучен, ниту е подреден на друг федерален субјект, откако се одвоил од Магаданската област во 1992. Тука се наоѓа езерото Елигитгин, кратерно езеро, и изгаснатиот вулкан Анјујскиј. Селото Уелен е најисточната населба во Русија.

Автономниот округ зафаќа површина од 737.700 km2, и е седмиот најголем федерален субјект во Русија, иако има население од само 50,526. Чукотка е вториот најмалку населен федерален субјект, и има најмала густина на население од сите федерални субјекти во Русија.

Наводи

Категорија:Автономни окрузи во Русија Категорија:Држави и територии настанати во 1930 година Категорија:Далечен Исток (Русија) Категорија:Источносибирско Море