thumb|300px|Известување од 1533 година за погубување на вештерка. Лов на вештерки е потрага по вештерки или докази за практикување на магии, која често вклучувала паника, масовна хистерија и јавно линчување, но низ историјата се појавуваат и официјални судења на вештерки.
Класичниот период на лов на вештерки во Европа е околу 1480 до 1700 година, што резултирал со десетици илјади погубувања.
Терминот „лов на вештерки“ често се користи за да означи слична масовна панична потрага по погрешни луѓе, а не само за вештерки. Најпознат пример е веројатно потрагата по комунисти во САД за време на Студената војна, која делумно е дискредитирана заради споредбата со ловот на вештерките од Салем.
Антика Казнувањето за правење магии го среќаваме уште во најраните законски прописи од древниот Египет и од Вавилон. Законикот на Хамураби од 18 век пред нашата ера наложува: Оној кој прави магии и фрла чинки треба да се однесе до светата река, и таму да се загњури. Ако светата река го преплави и овој се удави, човекот против кого е правена магијата да ја преземе неговата куќа.International Standard Bible Encyclopedia article on Witchcraft, last accessed 31 март 2006. There is some discrepancy between translations; compare with that given in the Catholic Encyclopedia article on Witchcraft (accessed 31 март 2006), and the L. W. King translation (accessed 31 март 2006)
Пред-христијанските римски закони одредувале казни против лоши магии.
Белешки
Категорија:Верски прогони Категорија:Паганство Категорија:Историја на правото Категорија:Судски процеси