НАТО, Северноатлантска договорна организација или Организација на Северноатлантски договор (, , понекогаш исто така нарекувана како Северноатлантската алијанса, Атлантска алијанса или Западна алијанса — меѓународна безбедносна организација создадена со потпишувањето на Северноатлантскиот договор на 4 април 1949 година. Седиштето на НАТО е во Брисел, Белгија. Организацијата е систем на колективна одбрана со кој нејзините земји-членки се обврзуваат на заедничка одбрана како одговор на напад од надвор.

Во првите неколку години, НАТО била еден вид обична политичка асоцијација. Првиот генерален секретар на НАТО е Хастингс Исмеј, кој изјавил дека целта на организацијата е „одбрана од СССР, под раководство на САД и Германија да се држи потчинета“.Reynolds, The origins of the Cold War in Europe. International perspectives, p.13 Како резултат на важната улога која Велика Британија ја добива во алијансата, Франција се повлекла од пактот во 1966 година.

Со паѓањето на Берлинскиот ѕид во 1989 година, главната цел на алијансата станала придобивање на земјите кои претходно се наоѓале под влијание на т.н. Источен блок, односно поранешните членки на Варшавскиот договор. Ова пред сè се однесува на земјите од Балканскиот Полуостров, кое доведе до проширување на алијансата во 2004 година (Бугарија, Романија) и 2009 година (Хрватска и Албанија).Albania, Croatia join NATO military alliance, AFP, 1 април 2009 Македонија е членка на НАТО од 27 март 2020 г.

По терористичките напади од 2001 година врз САД, алијансата се насочува кон нови предизвици, ангажирајќи војски во Авганистан и Ирак, со што се смета дека НАТО ја надминува таканаречената „Криза на индентитетот“ од 1990-те години.

Историја Почетоци thumb|Потпишување на Северноатланскиот договор во Вашингтон 1949 година Договорот од Брисел, потпишан на 17 март 1948 помеѓу Белгија, Холандија, Луксембург, Франција и Обединето Кралство, се смета за претходник на НАТО договорот. Создавањето на т.н. Берлинска блокада довело до создавање на западноевропски сојуз чија цел се темелела на одбрана на организацијата во 1948 година. Но, учеството на САД во тоа време било неопходно за да се спротивстави на воените сили на СССР. Така, одговорот од можниот нов воен напад започнал да се гради веднаш.

Овие преговори довеле до Северноатланскиот договор кој бил потпишан во Вашингтон на 4 април 1949 година. Со новиот договор, новата алијанса освен членките од Бриселскиот договор ги вклучувала и САД, Канада, Португалија, Италија, Норвешка, Данска и Исланд. Договорот не бил прифатен еднострано. Така, веќе во март избувнале големи антинатовски немири во Исланд.

Согласно член 5 од договорот:

Такви дејства, кои се сметаат за неопходни, вклучително и употреба на вооружена сила, не означува дека другите држави членки директно се обврзани да реагираат со воени дејства. Тие се должни да одговорат на тоа, но да го зачуваат изборот и начинот по кој би реагирале при една таква ситуација. Ова од своја страна се разликува од договорот од Брисел каде тоа било задолжителна обврска. Еден пример околу овој член е неучеството на НАТО во Фолкландската војна помеѓу Велика Британија и Аргентина во 1982 година. За првпат во историјата на договорот, САД се повикал на член 5 на 12 септември 2001 година по терористичките напади.

Создавањето на алијансата довело до некоја постандардизација на сојузничката воена терминологија, процедура и технологија, кое во многу случаи означува користење на практиките на САД од европските членки. Стандардизацијата била уредена со околу 1300 договори. Во почетокот на 1950 година била воведена 7,62 × 51 НАТО пушка како стандардно оружје. ФН ФАЛ станала една од најпопуларните и најкорисните оружја во деведесеттите години на минатиот век.

Студената војна

thumb|Поделеноста на светот во времето на Студената војна Студената војна бил период на конфликти, тензија и натпревар помеѓу САД и СССР и нивните сојузници од времето по Втората светска војна до раните 1990-ти. Во текот на овој период, соперништвото помеѓу двете велесили се одвивал на повеќе полиња: воени сојузи, идеологија, психологија, шпионажа, технолошка надмоќ, освојување на вселената, огромни трошоци за одбрана, огромни конвенционални и јадрени воени потенцијали, и многу посредни војни. Во тој период, речиси сите земји во светот биле или сојузници, или поддржувачи на една од двете велесили. Неколкупати доаѓало до тензии кои се заканувале да прераснат во нова светска војна: Блокадата на Берлин во (1948-1949), Корејската војна (1950-1953), Виетнамската војна (1959-1975), Кубанска криза со јадрени проектили (1962) и Советско-Авганистанска војна (1979-1989).

Избувнувањето на Корејската војна во 1950 година било од решавачко значење на НАТО, бидејќи се појавила можна опасност пред сè од комунистичките земји. Тоа ја принудила алијансата да развива конкретни воени планови. Во 1952 година, на Лисабонската конференција било решено воената дивизија да се прошири на 96. Во тоа време, НАТО имал околу 50 дивизии во Средна Европа, и уште десетици во Италија и Скандинавија. На таа конференција официјално Хејстингс Исмај бил назначен за прв генерален секретар на НАТО.

Истата 1952 година кон сојузот се присоединиле Турција и Грција. Во 1954 година, Советскиот Сојуз започнал кампања според која требало и тој да биде дел од НАТО пактот сè со цел да се зачувал мирот и стабилноста на Европа. Но, во државите членки ова го сметале како мотив за ослабување на позициите на НАТО, и во крајна сметка овој предлог од СССР бил одбиен. Вклучувањето на Западна Германија во сојузот на 9 мај 1955 година бил опишан како „решителен повратен момент во историјата на нашиот континент“ од Халвард Кинг, министер за надворешни работи на Норвешка во тој момент. Главна причина поради која Западна Германија била вклучена во сојузот е невозможноста без германска работна сила да се постигне во областа на развивањето на воената индустрија. Од друга страна, СССР на 14 мај 1955 година го формирала Варшавскиот договор, кој го потпишале Унгарија, Чехословачка, Полска, Бугарија, Романија, Албанија и Источна Германија. По таков начин бил создаден т.н. источен блок под влијание на СССР и западен блок под влијание на САД.

Француско повлекување thumb|НАТО бази во Франција Единството на НАТО било нарушено во почетокот на својата историја. Кризата започнала кога на чело на Франција бил Шарл де Гол во 1958 година. Де Гол најмногу се противел на силната и голема улога на САД во организацијата, нешто што тој го воочувал како специјална врска помеѓу Обединетото Кралство и САД. Со меморандум, испратен до претседателот Двајт Ајзенхауер и премиерот Харолд Мекмилан на 17 септември 1958 година, тој потенцирал за создавање на тристрана дирекција, со која Франција би била поставена на исто рамниште заедно со САД и Обединетото Кралство. Тој исто така го потенцирал и опфатот на НАТО да се вклучат и географските области кои биле од интерес на Франција, пред сè ова се однесувало на Алжир.

Сметајќи дека дадениот одговор е незадоволителен, Де Гол започнал да гради една независна одбрана на својата држава. Така, официјално на 11 март 1959 година Франција се повлекла од командувањето со НАТО, а три месеци подоцна Де Гол забранил располагање на надворешни јадрени оружја на територијата на Франција. Тоа го принудило САД да ги префрли своите десетици илјади авиони на соседните НАТО бази.

И покрај тоа што Франција покажувала солидарност кон останатиот дел од НАТО пактот за време на Карипската криза од 1962 година, Де Гол продолжил со создавање на независна одбрана преку повлекување на француските бази кои се наоѓале во Атлантскиот Океан. Веќе во 1962 година, сите француски вооружени сили биле отстранети од НАТО базите, и сите нефранцуски војски на НАТО биле замолени да ја напуштат Франција. Со тоа било преместено и седиштето на SHAPE на 16 октомври 1967 година од Роквенкорт, блиску Париз во Монс, Белгија. Но, Франција останала лојална на одбраната на Европа од можни комунистички напади од истокот.

Детант

На 30 мај 1978 година, државите членки на НАТО ги дефинирале двете дополнителни цели на алијансата, односно поддршка на сигурноста на државите членки и стремежот кон детантот. На 12 декември 1979 година, како резултат од целите на Варшавскиот пакт во Европа, министрите одобриле расположување на американски ракети GLCM и Pershing II во Европа. Една слична ситуација од 1984 година довела до големи протести во цела Западна Европа.

Крајот на Студената војна мини|Членови на ЕУ и НАТО. Крајот на Студената војна и распаѓањето на Варшавскиот договор во 1991 година всушност го намалил или уништил основниот противник на НАТО. Тоа довело до стратешка промена на целите на НАТО, неговите задачи и предизвици. Во практиката, тоа довело до постепено раширување на НАТО кон Источна Европа, како и проширување на дејноста во области, кои во минатото биле дел од т.н. Источен блок. Првото проширување на алијансата настанало на 3 октомври 1990 година со обединувањето на Германија, кога поранешната Источна Германија влегла во составот на Федерална Република Германија. Во исто време, било договорено дека НАТО силите со преземањето на Источна Германија нема да се движат кон источна Европа. На 7 мај 2008 година, Daily Telegraph направил интервју со последниот претседател на СССР, Михаил Горбачов кој истакнал дека токму тоа било договорено. Тој истакнал дека: „Американците ветија дека НАТО нема да се движи надвор од границите на Германија по крајот на Студената војна, но сега половина од Средна Европа и Источна Европа се веќе постојани членки на НАТО, значи што се случи со нивното вертување? Тоа покажува дека не може да им се верува.“

Балканска интервенција

thumb|Полетување на НАТО авион Првата воена операција на НАТО била извршена во Југославија. Конфликтот во Југославија започнал од 1993 и неофицијално завршил во 1996 година. НАТО вовел воено ембарго и економски санкции на СР Југославија. На 28 февруари 1994 година, НАТО ги презел првите воени дејства врз босанските Срби. Операцијата Deny Flight започнала една година порано на 12 април 1993 година и продолжила до 20 април 1995 година. Бомбардирање од страна на НАТО имало и во август 1995 година против армијата на Република Српска, по масакрот во Сребреница. Воздушните напади на НАТО силите „помогнале“ да се стави крај на војната во Босна и Херцеговина, и како резултат на тоа бил потпишан Дејтонскиот договор. Спроведувањето на договорот се одвивало под мандатот на ООН, користејќи ги од НАТО т.н. многунационални сили под името ИФОР (IFOR – Implementation Force), кои во себе ги вклучуваат силите на УНПРОФОР (UN Protection Force). Договорот започнал да важи од 20 декември 1995 година. По една година овие сили се трансформирале како СФОР (SFOR – Stabilisation Force). Кон крајот на 2004 година, командувањето на овие сили преминало под контрола на Европската Унија.

НАТО-вото бомбардирањето на Сојузна Република Југославија (или Операцијата Сојузничка сила според НАТО) е воена операција на НАТО против Сојузна Република Југославија што траеше од 24 март до 10 јуни 1999 година, како дел од Косовската војна. Тоа е втора поголема борбена операција во историјата на НАТО, по бомбардирањето на босанските Срби во 1995 година.