312 п.н.е. — година според општоприфатениот календар. Тоа била 312. година пред новата ера, 312. од првиот милениум п.н.е., 12. од 4 век п.н.е. и трета од 310-тите п.н.е.

Други календари Годината е броена од страна на различни народи, па се среќава во бројни други календари. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.

Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 5196 и 5197 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 4438 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 3448 и 3449 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 441.

Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт Цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот Цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 312 година се протега во 2324 и 2325, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 2384 и 2385 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 231. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 962 и 961 исламска година пред хиџра.

Настани

Настани по место Селевкидска Империја

Птоломеј I Сотер и Селевк I Победникот, сатрапот на Вавилонија, ја напаѓаат сатрапијата Сирија. Во Битката кај Газа Птоломеј и Селевк извојувале победа над синот на Антигон I Едноокиот, Деметриј I Опсадникот, кого дури и го заробиле но кратко после тоа го ослободиле. Селевк ја напушта службата кај Птоломеј и се враќа во својата поранешна сатрапија, Вавилонија. Овој настан се случил на 1 октомври и се смета за почеток на Селевкидската ера.

Сицилија

Сиракузијците побарале помош Картагина за спас од нивниот тиранин Агатокле. Картагинците грижејќи се пред сè за себе, испратиле многубројна војска на островот.

Римска Република Римскиот цензор, Апиј Клавдиј Цек, ја започнал изградбата на Апиевот пат (Вија Апија) кој требало да го поврзе Рим со Капуа. Во Рим дотекла првата количина на свежа питка вода низ првиот дотогаш изграден аквадукт во градот, Аква Апија.

Личности Родени Сјин-це — кинески конфуцијански филозоф

Починале ...

Откритија

...

Категорија:4 век п.н.е.